Во еден сосема поинаков амбиент, без вообичаената гужва и карактеристична сценографија, вчера од Париз започна презентацијата на новите колекции од Висока мода, за прв пат во комплетно дигитален формат. И меѓу сите оние „за прв пат" што овој концепт го прават револуционерен, е тоа што за прв пат публиката не беше селектирана, туку секој што има желба барем дигитално да го доживее врвот на уметноста во модниот дизајн, сега има можност. Секој од дизајнерите го користи својот онлајн термин за на најспецифичен начин да ѝ го долови на публиката својот свет на луксузна, неповторлива и авангардна мода.
Меѓу првите кои вчера ѝ сервираа возбуда на публиката сместена удобно пред екраните на своите електронски уреди, беше Диор.
Марија Грација Кјури нè соочи со свет на магија, волшебство и надреализам, каков што знаат да креираат само најголемите мајстори на занаетот, илузија со која не сакате да се збогувате.
Новата „haute couture" колекција беше презентирана преку краток филм во режија на Матео Гарпоне, во надреалистичен тон што создава амбиент во кој модата добива димензија на посебен универзум, на театар со своја сцена, фантазија со сите слоеви...
Креативната директорка на луксузната модна куќа, инспирацијата ја пронашла во опуст на надреалистичните уметници: Ли Милер, Доротеа Танинг, Леонора Карингтон, Дора Мар и Жаклин Ламба, а имате прилка и да посведочите како таа направила фантастична трансформација од една во друга уметничка форма и создала колекција која истовремено ја носи тежината на карактеристиката на Кристијан Диор, а од друга визионерски погледнува светлосни години нанапред акцентирајќи го својот дизајнерски пристап за кој ќе се согласиме дека е иновативен, женствен, магичен, со некој посебен сенс што оваа дама на чело на модната куќа ја прави доследен наследник на империјата.
Уживајте во задоволството...
Ова е распоредот за денешните презентации:
Вторник, 7 јули
12:00 Chanel
13:30 Alexis Mabille
14:00 Aganovich
14:30 Stéphane Rolland
3:00 pm Yuima Nakazato
15:30 Julien Fournié
16:30 Alexandre Vauthier
17:00 Aelis
5:30 pm Rahul Mishra
18:00 Ronald Van Der Kemp
19:30 Imane Ayissi