Висока мода: Ели Сааб v.s Зухаир Мурад

24 јануари 2020

На последниот ден од неделата за Висока мода, своите колекции ги презентираа и либанските дизајнери Ели Сааб и Зухаир Мурад.

Првиот инспирацијата ја најде во мексиканската уметност и кралската историја во Мексико и Европа. Нагласени ракави, нагласена половина со ремени, карнери и панделки се трендовите кои можевме да ги видиме и во неговата пред-есенска колекција, а се применети и овде само со акцент на луксуз, скапоцени камења рачно шиени на креациите, богати тантели и префинети материјали.

Од друга страна, Зухаир Мурад се инспирираше од убавините на Египет и египетските божици. Оттаму, во неговата колекција доминираат златните нијанси, како и принтовите карактеристични за споменатата земја.

Повеќето од креациите имаа лелеави здолништа, а доминираа и светките и сјајот. Сите креации јасно асоцираа на темата, преточени во креации кои одлично би изгледале на црвен килим.

Интересно што употребиле слична палета на бои. Иако кај Мурад доминира златната, сепак застапени се и сината, белата, црвената и нијанси на розова, што е ист случај и кај Сааб.

Во рамки на текстот можете да ги видите галериите со сите креации од двете колекции.

Која повеќе ви се допаѓа??

 

Објавено:
24 јануари 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.978 пати