Третиот ден од модната недела во Париз посветена на Високата мода, започна со две шоу-а на модната куќа Шанел. Првата презентација беше на луксузен накит, а втората беше couture колекцијата, двете со потпис на Карл Лагерфелд.
Од него секогаш очекуваме оригинална приказна, па после ресторанот, тој не' упати во казино. Дизајнерот уште еднаш покажа дека знае како да го привлече вниманието, па освен амбиентот и сценографијата во Grand Palais, тој ги повика неговите музи да бидат дел од шоуто.
Џулијан Мур, Кирстен Стјуарт, Лара Стоун, Рита Ора и Ванеса Парадис со нејзината ќерка Лили Роуз Деп, новата муза на Карл, влегоа во казиното и шоуто можеше да почне. Сите имаа специјално дизајнирани креации и накит во кои се појавија, а ништо помалку внимание не привлече и младата актерка Лили Колинс.
Рита Ора
Кирстен Стјуарт и Џулијан Мур
Токму тие ќе се најдат и на изложбата на Шанел во Лондон, која ќе се одржи есенва. Кара Делевињ ја немаше, но затоа Кендел Џенер блесна на пистата, и токму таа ја носеше крајната, бела креација - поточно бел венчален костим со вел.
Кога се токму креациите во прашање, Лагерфелд се држеше сигурно до препознатливата естетика и Шанел сакото и твидот како материјал. Она што е забележливо е малку пошироки и поволуменозни силуети и нагласени раменици, кои сепак го задржуваат дамското и елегантното во себе.
Вториот дел од ревијата е посветен на свечените фустани со монистра, светки, украсни камчиња, 3D цветови, пердуви, тул, тантела... кои зрачеа со префинетост и перфектна рачна изработка.
Сите модели имаа геометриски боб-перики, па изгледаа како девојки од иднината кои носат Шанел.
И покрај тоа што не видовме ништо спектакуларно ново кога е дизајнот во прашање, Лагерфелд ги исполни очекувањата кога е шоуто во прашање. Ако судиме по впечатоците и аплаузите на ревијата, веруваме дека крајниот резултат за него и Шанел ќе биде џекпот.
Лили Колинс и Лили Роуз Деп
Ванеса Парадис
Лара Стоун
Кирстен Стјуарт и Џулијан Мур