Висока мода Париз: Заводлива и драматична игра на Armani Prive

8 јули 2015

collage1

Ако сте од оние жени што уживаат во елеганцијата, а притоа ги сакаат и интензивните бои, тогаш најновата колекција на Armani Prive за есен 2015, претставена вчера на модната недела за Висока мода во Париз, несомнено ќе ве освои.

Речиси сите креации се вечерни, а доминира употребата на реси, пердуви и карнери. Дел од повпечатливите креации се оние изработена од „јазли“ во различни нијанси, што дава сосема уникатен и драматичен изглед. Сепак, женственоста е во прв план, што го потврдуваат и кроевите на креациите.

Кога се боите во прашање, тоновите се движат од темносина до розова, но со идеално преливање на нијансите,  а во комбинација со црната. За впечатливоста на дел од креациите придонесуваат и Сваровски кристалите.

Играта на боите и текстурите ја надополнува и играта со светлата, која што ги следи боите на креациите. Со тоа Армани успеа да создаде апсолутно магичен, заводлив свет, кој направи ова да ни биде една од омилените колекции досега.

Објавено:
8 јули 2015
Категорија: 
Колекции