Клер Вајт Келер веќе две години ја води креативната страна на модниот бренд, а почитувајќи ја традицијата и естетиката на „Живанши“, најчесто презентираше креации со строги кроеви, јасно дефинирани линии.
Сепак, со новата колекција за Висока мода, излезе од комфорната зона - за првпат креира вакви парчиња, досега искуството го градела на ready to wear колекции, а второ бидејќи отстапува од строгоста.
Низ колекцијата, наречена „Радикално благородништво“, доминираат црно-бели комбинации кои несомнено го привлекуваат вниманието.
Кога се ткаенините во прашање, тафтот, свилата, пердувите, памучни ткаенини со пепито дезен, твидот се доминантни.
Дизајнерката ја концепираше целата приказна во дворец, во кој жената е заробена, но успева да се трансформира. Келер ги поврзува фантазијата, со сензацијата и актуелната жена.
Креациите се женствени, елегантни, трендовски, едноставно - „Живанши“.