Во рамки на модната недела во Париз посветена на Високата мода, свое шоу имаше и либанскиот дизајнер Зухаир Мурад. 

„Повеќе од било кога, луѓето имаат потреба да патуваат. Ние мораме да патуваме, барем со нашата имагинација, да заборавиме малку на себе во оваа тешка реалност“, посочува дизајнерот, а ова е појдовна точка за неговата креативност преточена во креација.

Инспирација овој пат беа пиратите од 18 век, односно потребата за патување и откривање на животното богатство.

„Пиратите претставуваат слобода, самодоверба, храброст. Моите пирати се авантуристички расположените, смели жени, во потрага по богатствата на живот. Можеби сонуваат за љубов, или иднина полна радост и смелост“, раскажува Мурад.

И резултатот се раскошни креации со пиратски мапи, креации со јажиња како детали, смели кроеви, во комбинација со синџирести материјали. Секако, сето тоа преку луксуз и елеганција и романтичност од која либанскиот дизајнер не се откажува. 

Шапките и марамите само ја дополнуваат оваа негова модна приказна, која повторно предизвикува воздишки кај жените кои уживаат во ваква естетика.

Погледнете дел во продолжение, а комплетната колекција е во галеријата на почетокот од текстот:

 

Објавено:
28 јануари 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.342 пати