Вивиен Вествуд колекција пролет-лето: 1950-тите се инспирација за 2013-та

27 мај 2013

Ретро! Тоа е зборот кој што ја опишува колекцијата на Вивиен Вествуд за пролет-лето. 1950-тите се инспирацијата која креаторката ја искористила за создавање на колекцијата за пролет 2013 година. Најголем простор заземаат здолништа и фустани во различни должини и од различни материјали, меѓу кои вниманието го привлече раскошниот жакард. Сламените шапки и белите ракавици се додатоците кои ги надополнуваат моделите за оваа сезона.

Неизоставен дел од колкецијата се комбинезони и панталоните со тесен крој. И сето тоа во интензивно црвена, виолетова, црна и морнарска сино-бела комбинација.

Објавено:
27 мај 2013
Категорија: 
Колекции