Во пролетната „тантелна“ градина на Ели Сааб

28 април 2014

Elie kolaz

За сезона пролет-лето 2014 ready-to-wear колекцијата, Ели Сааб повторно се врати во „Градина од тантела“, како што самиот ја нарече. Така, покрај стандардните Оскар фустани, токму изработени од шифон и тантела во бои на фуксија, смарагд или шеќерни нијанси со ремен на половина, дизајнерот понуди и нешто повеќе.

Креациите со бела основа и флорални принтови внесоа свежина и младешки дух во колекцијата, додека пак комплетно црните креации се со изразена нота на сексапил.

 

Иако, можеби црната боја не е најсоодветна за една пролетна градина, сепак со својата гламурозност, овие креации не останаа незабележани, ниту пак надвор од контекстот.

Светлуцавите материјали за диско ефект се исто така присутни, а на пистата одлично изгледа и комбинациите со панталони и кошули, или комбинезон, кои се нешто поретки парчиња кај овој дизајнер.

Со оглед на сезоната за која презентираше, Сааб во повеќе наврати го повтори цветниот принт, кој што беше сосема прикладен, а според многумина, со оваа колекција тој успеа да привлече и нова, млада публика.

Погледнете ја ревијата:

Објавено:
28 април 2014
Категорија: 
Колекции