Воопшто не нѐ изненади: Новата колекција на Никол Шерцингер е тотално секси!

3 март 2014

Таа е една од најдобро облечените жени на светот на која буквално сѐ и стои! Со оглед на тоа дека истото го докажа и покажа веќе неколкупати, време беше и самата да создаде колекција во која сите жени ќе се чувствуваат секси и полни со самодоверба.

Поранешната членка на женската група „Пусикет Долс“ во соработка со брендот Мисгајдед креираше одлични парчиња како комбинезони, секси тесни фустани во одлични бои, женствени бели, тесни панталони, како и куси блузички.

Парчињата од колекцијата ќе бидат пуштени во продажба од 11 – ти Март, а најдобрата вест е тоа што најскапото ќе се продава по цена од 50 долари.

„Не можам да ви објаснам колку сум возбудена поради мојата нова колекција. Отсекогаш сум ги обожувала парчињата на Мисгајдед и сум ги носела, па оваа соработка е како остварување на мојот сон“, изјави пејачката.

Во колекцијата има вкупно 30 парчиња, а секое засебно е инспирирано од личниот стил на Никол.

Објавено:
3 март 2014
Категорија: 
Колекции