За храбри момчиња: Матурски водич на Bitsiani за пролет 2019

5 април 2019

Времето на матурските прослави наскоро доаѓа, а матурантите веќе забрзано го подготвуваат својот изглед за оваа возбудлива вечер. Продавниците на Bitsiani се несомнено една од омилените дестинации на младите луѓе – место каде можат да најдат трендовски парчиња, уникатни комбинации, да се инспирираат и да добијат совет за изгледот кој сакаат да го постигнат.

Фотосесијата со предлози за идните матуранти е веќе подготвена, а наскоро ќе излезе и печатеното издание на водичот за матуранти, кој ќе може да се најде во продавниците на брендот.

Овогодинешните предлози за матурантите се комбинација од младешки стил и италијанска инспирација, парчиња во кои момците ќе се чувствуваат самоуверено и модерно. Пастелните бои и храбри комбинации како и секогаш се тука, дополнети со интересни детали и модни додатоци за уникатност и впечатливост. Од друга страна, и темните нијанси се застапени за оние кои бираат поелегантен и свечен изглед.

Тимот кој стои позади едиторијалот за матуранти го сочинуваат фотографите Aни и Дими, Зорица Николова – задолжена за шминка и фризура, моделите Игор Гошев и Филип Макрадули, дел од агенцијата Моделс Ин, и бренд менаџерот на Bitsiani, Жорж кој ги подготви комбинациите. Видеото е исто така во продукција на Ани и Дими.

Локација –  Македонска Филхармонија

Погледнете:

 

*комерцијална објава

Објавено:
5 април 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
619 пати