NEW GOLDEN COLLECTION BY ELENA LUKA - WHITE FLOWER

За софистцирана есен: Елена Лука има фантастична нова колекција за сите дами!

20 август 2021

Домашната модна куќа „Елена Лука“ има нова колекција поради која посакуваме есента да дојде побрзо!

Новата модна приказна насловена како „WHITE FLOWER“ е обоена во актуелни, ведри бои - од nude нијанси, со интензивно розови, портокалови, со што најавува една модно интересна есен.

Всушност, палетата вклучува седум бои, имплементирани и во уникатниот принт на модната куќа, кој пак е визуелна репрезентација на приказната за белиот цвет како симбол за чистина, светлина, слобода - нешто што на сите ни е потребно.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk)

Овие парчиња ќе предизвикаат и токму такво чувство кога ги носите. 

Колекција на Елена Лука изобилува со елементи кои имплементираат личен печат од сопственичката, генерален менаџер и водечки дизајнер на брендот, г-ѓа Елена Пандева.

„Одлучивме да ја почестиме публиката со есенска колекција која малку ќе отстапува од тоновите во кои инаку сме навикнати да ја дочекаме. Сметам дека на светот генерално му е потребно малку повеќе боја, па следејќи ги и светските трендови се одлучивме да понудиме богата палета и на бои и на модели, во кои буквално ќе можат да се пронајдат сите жени, без оглед на возраста. Инсистирав на парчиња кои ги обединуваат практичноста и автентичниот дизајнерски израз, нешто по што сме препознатливи и што клиентите и го бараат од нас. Има тука и безвременски парчиња збогатени со наш дизајнерски потпис“, вели Пандева.

Но, она што посебно е впечатливо е инспирацијата која се проткајува низ целата колекција и приказна.. 

„Изминатиов период работевме на тоа да ја заокружиме приказната во која централното место го имаше белиот цвет, за мене исклучително инспиративен, кој на некој начин е и огледало жената, во контекст на нејзината убавина и на нејзиното внатрешно чувство. Покрај крстот на Исус, кој го наоѓа, симболи на Света Царица Елена се и белиот цвет и еден вид редок славеј, со кои патува и со кои ги поминува сите пребрејжа. Белиот цвет е мошне издржлив, опстоел во сите услови и непогоди, а токму таа издржливост се поврзува и со Света Елена, односно јас ја поврзувам со секоја жена. Сметам дека секоја жена е силна, истрајна и може да се избори со сите непогоди и токму овие симболи беа и појдовната точка на инспирацијата за оваа колекција. И птицата и белиот цвет се ендемски видови на островот Света Елена.

Така, оваа колекција ја посветувам на сите силни жени“.

Таа додава дека жената секогаш треба да се чувствува убаво, посебно, а дека Елена Лука и овој пат ќе им го овозможи тоа.

„Првите реакции говорат за тоа дека направивме вистинска работа, а оние што сè уште не нè посетиле, ги поканувам да го сторат тоа, ќе ги очекуваме со големо задоволство да ги споделиме впечатоците“.

Сопственик, генерален менаџер и водечки дизајнер на Елена Лука, г-ѓа Елена Пандева

Колекцијата е поделена во три сегменти – спортски шик, бизнис и раскошни креации, со што ги обединува сите потреби на модерната, современа, активна жена.

Кимоно комплетите, спортските елеци со препознатливиот принт, бохо фустаните со везена тантела и амблемот на модната куќа, како и макси фустаните со впечатлива конструкција и изработка, се само дел асортиманот кој ја издвојува од сè друго што ќе видите сезонава – сите изработени од нежни и префинети материјали во кои секако се имплементирани и доминираат природните.

Оние што ја следат работата на куќата, знаат дека колекцијата претходно беше најавена преку серија дизајнерски марами, како и други модни додатоци - внатрешноста на чантите со уникатен патерн се изработени токму со споменатиот принт, а усогласени со четири модели обувки за сечии потреби и различни пригоди. На крајот, за комплетен изглед, колекцијата е заокружена со ремени со логото на брендот и накит - па немате потреба да лутате - имате сè на едно место.

 

Сето ова беше најава за она што сега го гледаме како краен резултат.

Колекцијата е веќе во салоните на Елена Лука во Скопје (Капиштец, Аеродром и ГТЦ на првиот кат) и Струмица, како и онлајн на elenaluka.com.

Елена Лука прогнозира ведра есен, па посетете ги и дочекајте ја новата сезона подготвени!

 

Објавено:
20 август 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.143 пати
Тагови: 
Елена Лука