Задоцнета, но запрепастувачка: Високата мода на Ели Саб е уште поекстравагантна од очекуваното

19 февруари 2021

Во текот на вчерашниот ден, принцот на високата мода, дизајнерот Ели Саб ја претстави својата колекција Висока мода за пролет/лето 2021. Колекцијата доцни повеќе од три недели, кога требаше да се прикаже во склоп на Неделата на висока мода во Париз. 

Дизајнерот го одложи своето претставување поради недостатокот на време. Среќата не беше на негова страна минатата година. Неговата куќа и атељето во Бејрут целосно беа уништени при експлозија во градот, а 400-те работници беа принудени да ја прават колекцијата од своите домови, во целосен карантин. 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ELIE SAAB (@eliesaabworld)

Но, чекањето се исплатеше. Колекцијата е неколку пати пораскошна, побујна, поелегантна, побогата од вообичаено. Претставува љубовна поема меѓу свила, монисти, ѕвезди, театарската магија и стилот на folie bergère. Боите со кој е обоена се застаклени нијанси на сина, виолетова, слонова коска и минт. Пердувите ја поткреваат на едно повисоко, поволшебно ниво, а дизајнерот изјави дека во овие времиња, сонувањето е неопходно, а тој сонува големи и смели соништа. 

Нам не ни останува ништо друго освен да сонуваме со него. Колекцијата го носи името Le Théâtre des Rêves или Театар на соништата, а нам не ни останува ништо друго освен да сонуваме со него.

Објавено:
19 февруари 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
506 пати