Загревање со Карли Клос за новата колекција на Најк

12 јули 2014

Спортскиот гигант Најк играше на сигурно во селекцијата на ново заштитно лице за својата  последна женска линија, па ја одбра актуелната Карли Клос која важи за  една од најповиканите манекенки од новата генерација.

Карли Клос изгледа привлечно и фит на фотографиите што ја презентираат спортската линија која е обоена во богат колорит: светло розови нијанси, комбинации на сини тонови, јака неонска жолта, но и класичните црна и сива. Ретро линиите на спортските кратки топови, хеланки и шорцеви, не' навраќаат во 90-те години кога речиси сите топ модели во тоа време беа ангажирани за рекламни кампањи на спортските брендови.

 

 

 

 

Објавено:
12 јули 2014
Категорија: 
Колекции