Женственост, црни и смели тонови во pre-fall колекцијата на Викторија Бекам

27 декември 2022

Викторија Бекам секогаш умее визуелно да изненади со својата креативна инспирација кога се во прашање нејзините вешто изработени парчиња.

Така е и со најновата pre-fall колекција што можеме да ја видиме во американскиот Vogue. Она што ја карактеризира е исклучително моќна женственост, истовремено заводлива и примамлива за сечие око.

Ако во првите 10 години нејзиниот креативен дух создаваше прагматичен гламур, сега работите се сосема поинакви - смели жолти, црвени, сини и зелени тонови, апстрактни и цветни принтови, извајани во свила и волна, сензуални и агресивни во исто време. 

Фото: Vogue

Објавено:
27 декември 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
412 пати