Женственост во полн сјај во новата колекција на Зухаир Мурад

4 март 2020

Овој период од годината, светските модни куќи ги презентираат своите колекции за следната сезона есен-зима, а меѓу нив и еден од најобожуваните дизајнери, Зухаир Мурад.

Тој го промовираше лукбукот за својата нова колекција која очекувано наиде на големо внимание од светската јавност.

Женственоста и овојпат е во полн сјај, надополнета со флорални мотиви за кои дизајнерот се иснпирираше од раскошните дизајни за тапети на познатиот британски текстилен дизајнер, поет и новелист Вилијам Морис.

Колекцијата во секој сегмент е продолжување на препознатливата естетика на Мурад.

Раскош, богати материјали, тантела во централен план, романтичен приказ на современата жена.

Препознатливоста на креаторот е надополнета со сегменти од носечките тенденции и за идната сезона, па карнерите, нагласениот струк и асиметричнтие кроеви имаат отстапено значајно место во оваа колекција.

Зухаир Мурад знае да препознае што сака модерната жена сака, а тој ѝ го препушта тоа задоволство без исклучок.

Фото: Vogue

Објавено:
4 март 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.751 пати