Живописна есенска колекција на Диана фон Фурстенберг

18 ноември 2013

Дианa

„Секоја жена сака да биде гламрозна и рокенрол. Но, тоа не се однесува на одењето на забава. Тоа се однесува на животот, бидејќи тој е забава“ вели Диана фон Фурстенберг, а токму тоа  е и објаснувањето за нејзината колекција, исполнета со бои, дезени и ткаенини.

Инаку, инспирацијата ја пронашла во старите фотографии од својот приватен албум, а една од тие е со Дејвид Боуви, кога биле млади.

Мал е бројот на дизајнери што можат да ги спојат гламурот и рокот во едно, а притоа да помешаат и различни временски периоди.  Така, колекцијата содржи креации со животински дезен, кожа, ткаенини со метален сјај, комбинација на повеќе дезени. Всушност, кројот е она што ја задржува елеганцијата, а изборот на ткаенините ја дава динамичноста.

Погледнете како тоа го замислила оваа позната дизајнерка.

Објавено:
18 ноември 2013
Категорија: 
Колекции