Зимерман: Комбинации како создадени за летни прошетки покрај море

2 јуни 2020

„Зимерман“ е бренд на австралиската дизајнерка Ники Зимерман. За своите колекции често се инспирира од сликите од детството во родната земја.

Во ресорт колекцијата за 2020 година понуди парчиња кои се спој на ретро и романтична естетика. Сеќавајќи се на фотографиите на нејзиното семејство во минатото, покрај океанот или базенот во нивната куќа, кога правеле скара и забави за пријателите, како и на тоа како биле облечени, таа направи своја верзија на сеќавањата, пресликувајќи ги во современ контекст.

Сепак, ретро естетиката доминира, што и може да се очекува. Романтични лелеави фустани со карнери, здолништа и тантелни кошули, широки панталони, одела, комбинации со нагласен струк со ремен, креации со рабови со паспул, а на тоа кога ќе ги додадете и марами и шапки како моден додаток, добивате дамски изглед, својствен за жените од втората половина на минатиот век.

Нас нè потсетуваат на изгледот на дамите од романите на Мир-Јам, повозрасните што нè читаат ќе се сетат на авторката и веруваме ќе се согласат дека овие креации би можеле да се пресликаат на женските ликови во нејзините приказни.

Во продолжение погледнете ги и останатите креации и кажете ни, на што ве потсетуваат вас кога ќе ги видите:

Објавено:
2 јуни 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.664 пати