Zimmermann има фантастична женствена колекција со романтичен предзнак

27 јуни 2020

Австралискиот бренд Zimmermann без исклучок како и другите брендови, ја одложи вообичаената презентација на својата ресорт колекција пред публика, но реши да ја промовира преку лукбук.

Како зрак светлина, концептот на колекцијата е да понуди позитивно и оптимистичко чувство за иднината, како противтежа на актуелниот период што генерално на човештвото му носи голем стрес и негативни емоции.

Па во тој правец, колекцијата изоблува со светли бои, шарени принтови, цветни мотиви, лелеави кроеви преку кои е потенцирана слободата на движење.

Романтичнот предзнак е присутен во секој детаљ, почнувајќи од карнерите кои и сезонава се тенденција, па се до изборот на лесни и транспарентни материјали.

Доколку го преферирате женствениот и романтичен изглед, оваа колекција со сигурност ќе ви се допадне.

Објавено:
27 јуни 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.002 пати