Зимската кампања на Етро во духот на ноќниот живот и забавата

9 јуни 2014

Новата рекламна кампања за сезоната есен-зима 2014/15 потпишана од Вероника Етро, која твори за истоимениот бренд деновиве дефинитивно го бранува етерот. Моделите Суви Копонен, Кармен Педару и Тони Хекелсу го прикажаа патувањето со Трансибирската железница која ги однесе на свилените патишта во Самарканд.

Кампањата раскажува приказна за две девојки и момче кое тргнале на патување низ градските улици и уживаат во ноќниот живот и забавата. Новите модели се спој на неколку различни култури од Русија, Узбекистан и Таџикистан, а во центарот на вниманието се инвентивните принтови и миксот на бои и форми што оваа колекција ја прават уникатна и единствена.

Италијанскиот бренд сè уште не го објави името на фотографот кој стои зад оваа прекрасна модна приказна, но според познавачите на фотографската уметност, меките линии и строгите форми на фокусот и начинот на обработка на фотографиите, многу потсетуваат на стилот на единствениот и неповторлив Марио Тестино.

Објавено:
9 јуни 2014
Категорија: 
Колекции