Златниот сјај на Aрмани блесна за крајот на Модната недела во Милано

27 септември 2022

„Суштината се состои во одредената чистина и златен сјај. Присутно е суптилно треперење на злато низ целата колекција, давајќи ѝ шармантна и уникатна светлина. Светлина што потсетува на песокот на пустината", стоеше во официјалното соопштение од Џорџо Армани ,објавено пред самата ревија со која беше затворена Модната недела во Милано.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Последната колекција на Армани за пролет 2023, насловена Fil d'Or (Златна нишка), претставува нежно транскултурно патување преку неговата женска облека. Ревијата беше отворена со серија богато изработени, снежно сребрени изгледи, акцентирани со високи патики и чанти во златен тон, а затворен со група од осум наметки кои блескаа со златни светки и кристали.

Фото: Vogue

Помеѓу овие два дела, колекцијата вклучуваше и креации во нежни нијанси на сина боја кои создаваа микс од различни култури, со голема доза на суптилни декоративни детали, нежна провидност и севкупен акцент на леснотијата и убавиот волумен.

Фото: Vogue

Фустаните со мониста, украсите со светки и драги камења, свилените кошули и фустани со патент, и ѓердани збогатени со „камења" од проѕирна смола му додадоа дополнителна дефиниција на светкаво-златното финале.

Фото: Vogue

Погледнете како изгледаше последната ревоја на Армани во Милано.

Фото: Vogue

Објавено:
27 септември 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
322 пати