Зухаир Мурад има нова колекција: Гламурозно чекорење во пролет

7 октомври 2021

Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад неодамна ја презентираше својата пролетна колекција. А во неа боја, оптимизам, природа.

Имено, една од инспирациите е токму поврзаноста со природата. Освен тоа, како пишува на сајтот на дизајнерот, воведот на „The Great Beauty“ е вториот силен импакт за создавање на новите креации, а гласи вака: „Патувањето е корисно и ја вежба имагинацијата. Сè останато е разочарување и замор"... 

„Мурад го замисли ова патување низ Италија во 70-тите години, како отворен музеј кој ја слави културата на егзотизам и естетика" , велат од брендот на официјалниот сајт.

И да, фризурите, елементи од Рококо естетиката, цветните градини во Рим и Фиренца, се само дел од елементите што ја прават оваа негова пролетна приказна комплетна.

Иако спаѓа во ready-to-wear колекциите, сепак забележливо е присуството на гламурот, елеганцијата и префинетоста кои ги истакнува како доминантни не само во колекцијата, туку се  надева дека буквално ќе бидат доминантни следната пролет, кога се очекува пандемијата да заврши конечно.

Погледнете како неговата инспирација е преточена во креација:

 

Објавено:
7 октомври 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.339 пати