Зухаир Мурад ја прикажа величествената убавина на својата земја

30 март 2021

Дизајнерот на бајките, кој заедно со Ели Саб, успева да воодушеви одново и одново со секоја нова модна колекција, ја прикажа својата висока мода за пролет 2021. 

Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, во 37 изгледи ја искажува љубовта кон својата земја.

,,Долги години чувствував внатрешен немир поради случувањата во мојата длабоко измачена земја. Периодов сфатив колку сум врзан за неа и дека немам намера да си заминам," изјави дизајнерот.

Колекцијата е посветена на жената и инспирирана од либанскиот кедар. Дрвото е грандиозно, издржливо, изгледа неверојатно грациозно, а живее и на надморска висина од над 3000 метри. Крошната на дрвото најубаво може да се забележи во текстурата на зелените креации, но присутна е и кај невестинскиот фустан и кај останатите креации.

Дизајнерот во некои од своите креации го имплементираше и Лурекс - сребренкасти 3Д везени детали со финиш кој треба да го претстави отсјајот на месечината.

Задолжителен, и многу посакуван гламурозен детаљ кај скоро секој од изгледите, беа пердувите, кои додаваа една посебна димензија на композицијата. 

Објавено:
30 март 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
469 пати