Зухаир Мурад Pre fall 2020: Оваа есен ќе биде блескава!

9 септември 2020

Ако ја сакате романтичната естетика, или пак сјајот и впечатливоста, и едното и другото ќе го пронајдете во пред-есенската колекција на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.

Инспирацијата е Египет, но и тоа дека секоја жена во себе носи моќ и херојство, покрај нежност и кревкост.

Во тој контекст колекцијата започнува со нежни и романтични креации, кои вклучуваат префинета тантела и плисе, за потоа да следат „посилни“ креации што вклучуваат светки, везови, монистра, потешки тантели.

Градацијата на модниот израз е видлива, а вклучува и текстура, принт, во комбинација со едноставни кроеви.

Дел од креациите вклучуваат и крзнени детали, како потсетување на тоа дека ни претстои есенската сезона.

Можеби во оваа колекција нема да најдеме парчиња баш за секојдневие, бидејќи повеќето се со посвечена нота, но тоа не значи дека не можеме да фантазираме и да се инспирираме за моментите што допрва ќе следат, а кои само ќе ја потврдат потребата да блеснеме.

Целата колекција погледнете ја тука:

 

Објавено:
9 септември 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.423 пати