Сите оние што очекуваа уште една колекција на долги и луксузни фустани од Зухаир Мурат веројатно ќе се изненадат малку. Со новиот креативен инпут на Андреа Амара, која претходно беше дел од тимот на Роберто Кавали, либанскиот дизајнер претстави пред-есенска колекција со која како да го менува малку правецот.

Мноштво бои и принтови се она што прво ќе го забележите. Тантела да, но овој пат во комбинација со кожена јакна, која пак има везени украси. Или кожени панталони или здолниште со тантелна кошула.

Ниту Зухаир не беа од трендот на карнерите, но ги става во секојдневен контекст. Колекцијата изобилува со комбинации во кои би можеле да одите на afterwork забава или излегување во град.

Од кожата преминува на крзно и тоа со принт. Кога сме кај принтот, не може да не се забележи женското одело, со ѕвонести панталони на кое дизајнерот веројатно типува, но истовремено ги изненадува своите редовни следбеници.

Сепак, и покрај новитетите, застапени се и долгите фустани на кои повеќето се навикнати. Транспарентноста е доминантна како и бохо нотата.

Љубителите на работата на овој дизајнер веројатно со нетрпение ја очекуваат и следната негова колекција за да видат како ќе се развива новиот креативен правец.

Објавено:
29 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.681 пати