По повод 150 годишнината Levi’s ги рекреираше оригиналните 501 фармерки

24 јануари 2023

По повод 150 годишнината од создавањето на првите Levi's 501 фармерки, компанијата го рекреираше ова легендарно парче облека во ограничен број.

Иако името 501 не се појави се до 1890, сите добро го знаеме значењето зад тој број, безвременска класика на џинс што никогаш нема да излезе од мода.

Новите 501 го имаат и бројот '54 до нив, во чест на годината кога Levi's се шири на истокот, од Сан Франциско и регионот на Калифорнија во Њујорк, тогашниот центар на модата.

Иако денес ги има во секакви различни форми од декадите што поминале сепак 501 '54 го носат оригиналот со себе.

Оние мали разлики се во начинот на закопчување, па така роденденските 501 '54 имаат копчиња, за разлика од оние првичните кои се закопчуваа со патент.

Римејкот имаат повисок струк и се потесни во делот кај нозете, за разлика од 501 Original, кои се пошироки во и се движат во права линија.

Освен во оригиналната нијанса, колекцијата нуди и избледени, темни модели, а има и неколку варијанти на "искинати" фармерки.

Фото: Levi's, Instagram

Објавено:
24 јануари 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
329 пати
Тагови: 
Levi's фармерки