Четирите амбасадорки на Bulgari како четири модни грации
•
17 мај 2023
Зендаја, Лиса, Ен Хатавеј, Пријанка Чопра секоја посебна на свој начин, прекрасна и успешна, се обединија заедно за колекцијата Diamonds and Gowns на Bulgari.
Четирите грации се собраа во Венеција во чест на брендот, опсипани со дел од скапоцениот накит и елегантни вечерни тоалети.
Лиса од Блекпинк и Зендаја се одлучија за класичната црна тоалета со голи рамена и впечатлив ѓердан.
Хатавеј пак одбра дизајн на Версаче со златни елементи од глава до пети, ги истакна и нозете со висок шлиц, вратот со рубини. Чопра пак блесна во боја на калинка и златен чокер.
Сите четири дами, кои се амбасадорки на брендот Bulgari никого не оставија рамнодушен.
Фото: Getty