Must have: Летни патики и ранче
•
30 јуни 2017
Не сите преферираат сандали и влечки во летниот период, па затоа и едни ленти патики се секогаш добредојдени.
И во модната индустрија се сè попопуларни. Нашиот предлог се овие со бордо бордура и интересен принт од Parfois.
Удобни се, весели, одлични за комбинирање на опуштени, секојдневни комбинации, а притоа и тренди.
Ние ги споивме со ова лесно, летно ранче во слични нијанси. Одличен комплет и пред се практичен за летните активности, што го прави да биде апсолутен #must have!
Дали ќе одите на прошетка, на базен, на излет со пријателите, ќе возите велосипед или одите можеби во шопинг, не е важно, совршено ќе се вклопат во речиси сите пригоди. На вас е само да одберете!