11 работи што не ги знаевте за Ермес

2 октомври 2015

Ермес спаѓа во еден од најпознатите француски брендови во модната индустрија. Многумина го поврзуваат со Биркин чантата, но во продолжение ви презентираме уште неколку други интересни и не толку познати факти за оваа модна куќа.

*Тиери Ермес основаше модно царство, но името Ермес исто така доаѓа од грчкиот бог, гласник на боговите (Х)Ермес.

*Куќата, која во почетокот изработувала коњска опрема и седла, постои веќе 177 години.

*Ермес има 315 ексклузивни продавници ширум светот.

*Продавницата во Париз има и кафуле и библиотека во нејзината внатрешност.

*Ермес во 2011 година беше еден од првите луксузни брендови што лансираа онлајн продавница.

*Познатите Кели и Биркин чанти се именувани по Грејс Кели и Џејн Биркин. За реакцијата на Биркин читате овде.

*Легендарните портокалови кутии од Ермес во почетокот биле беж, со кафени краеви. Првата портокалова кутија се појавила после Втората светска војна, за потребите на складирање материјали.

*Во 1994 година, Ермес доби Оскар за најдобро пакување. Денес, постојат околу 118 различни големини од овие портокалови кутии.

*Должината на конецот потребен да се изработат 1.000 Ермес марами е еднаква на оддалеченоста на Земјата и Месечината.

*Уметничкиот директор, Пјер Алексис Дамас е член на 61-вата генерација на семејството Ермес, што го основаше брендот.

*Фондацијата Ермес (Fondation D’Enterprise Hermes) е основана во 2008 година од Пјер Алексис Дамас.  Покрај другото, го промовираат традиционалната рачна изработка, ги поддржуваат креативните уметности, едукација, а ги третираат и проблемите на околината во која живеат.

Објавено:
2 октомври 2015
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.501 пати
Тагови: 
Ермес бренд факти