24 часа со Мајкл Корс

25 септември 2015

Мајкл Корс е еден од најпознатите американски дизајнери, но воедно и еден од најпродаваните. Неговото чувство за тоа што сака жената, низ годините му донесе голем успех, пари и слава.

А како изгледа еден ден во неговиот живот, читајте во продолжение:

06:15  - Првин ги хранам моите мачки, Бани и Виола. Тие се како мачешки аларм за будење. Имињата им ги дадов по моите луди пратетки. Се претвораат во гимнастичарки и почнуваат да ни скокаат по глава и насекаде. Не можам да се сетам кога последен пат сум наместил аларм за дома. Потоа, ги земам весниците. Читам многу весници – премногу. Уште како момче ја чекав доставата на весници. Така израснав и уште сум во тој филм. Слушам кога весниците удираат во врата и тогаш денот почнува. Всушност, откако ќе ги нахранам мачките, кои не се гладни, сакам да лежам уште малку во кревет. Мојот сопруг Ленс спие поцврсто од мене, па најчесто додека јас сум будем и се подготвувам за денот, тој е сè уште во сон. Преку весниците правам „скен“ на сè она што се случува во светот. Ако има работи што навистина сакам внимателно да ги прочитам, тие ги оставам за крај на денот.

08:00 – Ако се одлучам за јога, мојот инструктор доаѓа дома. Ако одам во сала, тогаш вежбам Пилатес. Ако надвор времето е убаво, тогаш пешачам покрај река. Никогаш не се туширам пред било која од овие активности, тоа го правам после. А ако не вежбам, тогаш туширањето е последната работа што ја правам пред да излезам од дома. Прилично сум лесен за одржување, би рекол. Користам шампон од камилица на Klorane, кој го користам цел живот и мислам дека на сите русокоси луѓе тој треба да им е најдобар пријател. Користам креми за лице, малку балсам за усни и излегувам од дома.

09:15 – Не пиеме кафе. Тоа е премногу за нас. Јас сум многу здодевен. Секој ден јадам кифла со малку путер на неа и не пијам топли напитоци воопшто. Опседнат сум со ладен чај, па секој ден, независно од времето, го пијам во големо количество. Додавам замена за шеќер (Splendas) и лимон. За викенд ми се случува да ги искомбинирам појадокот и ручекот, па додавам малку лосос во кифлата, но тоа е тоа отприлика. Кога е облеката во прашање, можам да кажам дека имам еден вид модна униформа. Секогаш е нешто црно и плетено, со кружен отвор. Потоа бирам или темни фармерки, или бели, маслинести или лежерни панталони. Обувките ги менувам, од црни еспадрили од крокодилска кожа, до патики кои се специјално направени за мене, сите во црна боја. Веројатно имам преку 15 парчиња во таа боја, а не носам секогаш црно. Во лето, ја преферирам бојата на пустината. Ја менувам бојата на авијатичарките што ги имам, на некој начин го изразуваат моето расположение. Кога ги носам сребрените, тогаш се чувствувам ужасно, со маслинестите сум спортски расположен, а црните ги носам ако не сакам да размислувам за тоа како се чувствувам. Имам преку 60 очила за сонце од овој модел.

10:00 – Доаѓа автомобил по нас дома. Јас сум маж што ја сака својата колекција на чантички. Научив да не носам големи, затоа што тогаш носам работи и што не ми се потребни. Имам една кожена од L.L.Bean од 1940-тите, ја купив во една винтиџ продавница во Њујорк, но чинеше богатство. Сепак, кога ја видов се воодушевив. Во неа можам да ги ставам само очилата за сонце и тоа ми е супер. Весниците си ги носам во рака. Не сум од оние што седат во автомобил и зборуваат на телефон. За мене автомобилот е како еден вид зона, пред да се впуштам во денот. А Њујорк е одличен за набљудување на луѓето. Ги бројам Мајкл Корс чантите на улица.

10:15 – Единственото нешто што е секогаш исто во мојот работен ден е тоа што никогаш не е ист. Единствената постојана работа е што во мојот работен ден не постои ручек надвор од канцеларија. Во моментот кога ќе влезам во канцеларија, асистентот ми ги покажува мејловите што сум ги добил, потоа телефонските повици и ми става буквално во рака ладен чај. Секогаш имам ладен чај. Мислам дека кога ќе се откажам од пушењето, чашата со ладен чај ќе биде мојата нова цигара.

10:30 – Започнувам со интервју по телефон, потоа разгледувам примероци на накит, потоа на принтови на кои работиме за новата колекција. Мислам дека начинот на кои се менуваат работите во мојата глава постојано и после 30 години, е она што прави да ми биде интересно и возбудливо. Да беше сè по некоја формула, ќе ми беше здодевно.

13:30 – Како и да е, ручекот е секогаш по формула. Секогаш јадам исто јадење. Салата, четири парчиња лосос, четири парчиња туна, а некогаш имам и топче зачинета тука. И тоа е мојот ручек. Ако имам еден од оние денови кога не ми се станува од кревет, тогаш си нарачувам хамбургер. Надвор јадам веројатно четири пати годишно.

14:15 – Секој ден, без разлика на тоа што се случува, имам минимум два дизајн состаноци. И секогаш постојат обврски околу одлучувањето за моделите и читањето на работите за каталогот. Имам многу обврски. Но, не знам што да правам кога имам „сив“ ден, како што јас си го нарекувам.  Тогаш или треба да бидам на плажа, читајќи новела од Џеки Колинс или ми треба ден кога ќе бидам преплавен со информации и задачи. Нашата свадба беше во 2011 година и беше наш ден од соништата. Се сместивме кај пријатели во Саутамтон . Имавме масажи, кавиер за ручек, одевме на плажа и го гледавме The Help во Источен Хамптон, јадевме пица... Дајте ми плажа, филм на кој можам да плачам со некој што го сакам и мојата омилена fast-food храна.

17:00 – Во работните денови морам да изедам две парчиња црно чоколадо.

Мајкл Корс со сопругот

19:30 – Во ова време најчесто излегуваме. Многу сакаме театар. Тоа е моето омилено излегување. Не сме во „фешн“ фазон, напротив, сакаме да одиме како обични луѓе што сакаат театар. Имаме наше место за јадење, Joe Allen, каде јас секогаш нарачувам Цезар салата и хамбургер. Кога бев во Париз, јадев четири ноќи по ред во Joe Allen во Париз. Мислам дека Марк Џејкобс и јас, бевме секоја ноќ таму. Ако не одиме во театар, најчесто директно од канцеларија одиме на вечера. Во текот на неделата никогаш не готвиме. Никогаш не пијам коктел дома. Кога одам на вечера – апсолутно.

00:30 – Спијам во црни машки Мајкл Корс гаќи, а мојот кревет е бел. Не можам да спијам на постелнина што е шарена. Тоа ме полудува. Сакам кога перниците ми се различно распоредени, ставени на различни места. Јас сум еден од оние што се будат наутро со перници и прекривка на под.

Објавено:
25 септември 2015
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.276 пати