24 часа со Марта Стјуарт

26 ноември 2015

Кога се буди, колку животни има во домот и каков е стилот на живот на една од најуспешните жени во светот, Марта Стјуарт, читајте во продолжение:

05:00 – Се будам и ги шетам моите три кучиња – Франческа, Шаркеј и Џингис Кан во дворот. Тие „пишуваат“ свој блог за тоа каде се движат, па и тие стануваат рано. Исто така, го проверувам мејлот и проверувам дали мојот личен блог и постовите се објавени.

06:00 – Поминувам во сите мои четири стаклени градини за да проверам во каква состојба сум. Одговорна сум за растенијата, тие се како деца, кои мора да бидат нахранети и облечени. Божурите ми причинуваат најголемо задоволство. Имам една градина со 770 божури и кога се во полн цут, тоа е нешто прекрасно.

06:30 – Пристигнува мојот тренер и правиме комбинација на аеробик вежби, исто така и трчам, потоа работам истегнувања и јога.

07:30 – Ја пијам дневната доза на зелен џус, што ја правам од зеленчук од мојата градина и стаклениците. Најчесто комбинирам краставица, ѓумбир, спанаќ, целер и нане. Понекогаш додавам папаја, лубеница, половина круша и портокал со пулпа.

07:45 – живеам на фарма надвор од Њујорк, па често за состаноците или вечерни настани морам да носам повеќе облека. Инаку, облеката што најчесто ја носам е од Ланван, Ермес, Селин и Лоро Пиана. Многу од познатите тв-ликови купуваат повеќе од едно парче, во случај да го извалкаат едното или оштетат, но јас не сакам да купувам дупликати. Тоа за мене е бесполезно трошење.

08:00 – Мојот голем луксуз е шоферот, кој ме носи во градот за еден час. Ги читам сите весници, магазини, решавам крстословки и ги обавувам телефонските интервјуа. Кога излегувам од градот навечер, земам корпи со прехранбени производи  од нашата кујна во канцеларија, како на пример пилешки производи и најчесто утре дента се враќам со голем сад со стотици јајца. Фрижидерите ги полнам со органски зеленчук за моите внуци, цвеќе и сè што луѓето бараат за да позајмат. Би патувала многу полесно доколку патував со воз.

09:00 – Почнувам да одговарам, колку што можам побрзо, на стотиците мејлови што ги добивам во канцеларија. Имам неколку телефони, и два ајпада што ги користам за мејлови и читање.

10:30 – Моите директори и јас се собираме на дневните состаноци.

12:00 – Го снимам моето радио-шоу, а вработените ми прават убав ручек во кујната, најчесто риба и салата. Пијам вода и чај од билки.

15:00 – Обично во ова време ги подготвувам тв-шоута. Еднаш имавме два дена да снимиме 13 сегменти за Martha Bakes, па печев колачиња од боровница и кафе, ролат од чоколада и рум и мока-пудинг. Пробав сè што зготвив, и тоа е обврска за уживање.

16.30 – Имам состаноци за промоција секој ден. Исто така ги разгледувам трендовите за облека за домашни миленичиња. Моите кучиња продаваат како колачи и мора да го пробаат секој продукт.

18:30 – Кога е лето, ги обожувам летните активности како на пример вечерна забава на фарма. Но, и да е зима и да е лето, обожувам да готвам и да се дружам со луѓе. Сакам и добро вино.

22:30 – Ги пишувам моите мемоари и гледам комедии. Имам памучни или фротирски чаршафи и посетлнина, во зависност од годишното време. Тие мора да се испеглани и ги менувам речиси секој ден. Тоа е втората работа со која се „луксузирам“.

Објавено:
26 ноември 2015
Категорија: 
Стории
Прочитано:
789 пати