24 часа со Меди Зиглер

9 октомври 2015

Меди Зиглер е девојчето што својата популарност ја стекна преку реалното шоу Dance Moms, а потоа оттаму стана дел од видео-записите на бројни артисти меѓу кои Џеси Џеј и секако Сиа, по чии спотови и е најпрепознатлива. Сепак, таа не застана тука. Годинава го направи своето прво модно деби на модната недела во Њујорк, а да не ги споменуваме фото-сесиите за Vogue, Elle и други престижни списанија. Најновото од неа е снимањето на филмот на Сиа, во која ќе ја има една од улогите.

А за оние што ги интересира како изгледа еден нејзин ден, прочитајте го текстот во продолжение:

07:00 - Мајка ми ме буди наутро, најчесто помеѓу 07:00 и 07:30. Прво нешто што барам е што ќе носам. Всушност се облекувам во опремата за танц и подготвена сум за цел ден. Потоа се чешлам, ставам малку шминка. Ми се допаѓа козметиката на MAC и користам многу нивни производи. Јас сум beauty guru, ми се допаѓаат сите такви работи. За шоуто Dance Moms имаме шминкер, но јас сакам кога сама се шминкам, а понекогаш ги шминкам и другарките. Најмногу сакам да ставам сенки и ајлајнер.

07:30 – Време за доручек. Секогаш јадам корнфлекс (Capitan Crunch со мечиња). Тоа е нешто највкусно и го јадам секое утро.

08:00 – Поради селењето во Лос Анџелес, поради шоуто, училишните задачи ги завршувам со тутор. На училиштето му посветувам три часа наутро.

12:30 – Од среда па до петок, секоја недела се снимаат епизоди на Dance Moms, а тоа го правам веднаш после училишните задачи. Во средите ги снимаме Пирамидите за шоуто, а тоа трае од 12.30 –13: 00 до 15 часот. Снимањето трае кратко, затоа што Пирамидата ја правиме веќе долго време и нема потреба од многу танцување.

15:00 – После Пирамидата имаме проби зад камерите, каде што можеме да ги усовршуваме танцувачките рутини. Во четвртоците и петоците исто така имаме танцувачки проби и тоа од три до четири часа. Дозволено ни е да бидеме на камера 5 часа дневно. Со Сиа не работам секој ден, сè зависи од тоа што треба да правиме, дали ќе работиме на перформанс или музичко видео, па токму затоа распоредот е некогаш чуден. Но, кога не се снима, се трудиме секогаш да се видиме. Се дружиме, одиме некаде на јадење, но најчесто јас одам кај неа дома и јадеме и гледаме телевизија. Започнавме да работиме заедно затоа што таа е всушност обожавател на шоуто Dance Moms. Стапивме во контакт преку Твитер. Таа ми кажа дека би сакала да соработува со мене и дека сака да бидам дел од видеото за Chandelier, што тогаш беше нејзина нова песна. Мајка ми и мојот тим го видоа тоа, но беа во стилот на: „Чекај, што?!“. Не знаев дали тоа беше вистина, затоа што не е типично да добиете „рандом“, неочекувана понуда да бидете во видео на позната ѕвезда. Тоа е речиси како Бијонсе да ти каже: „Хеј, ајде биди во моето видео“. Но, беше вистина и ја контактиравме. Две недели подоцна бев во Лос Анџелес и го снимавме видеото. Како најдобри другарки сме, секогаш излегуваме заедно. Кога одам кај неа дома, навистина е многу мила, како сестра ми е или мајка, секогаш се грижи за мене. Многу ја сакам.

18:00 – Кога ќе завршам со снимањето на Dance Moms, тоа е најчесто околу 18 часот, одам да се видам со пријателите. Одиме на вечера или одиме кај некој дома да јадеме и да се забавуваме.

20:00 – Во ова време гледам телевизија, или видеа на Јутјуб. Но, не пропуштам епизода од моето омилено шоу Pretty Little Liars. Исто така го сакам и Дизни каналот.

22:00 – За време на снимањето мораме да носиме многу повеќе шминка отколку што инаку носиме. Навчер, морам да дојдам дома и да ја симнам сета шминка, да ја одврзам косата, која речиси цел ден ми е врзана во пунџа, да ја соблечам облеката за танц и сè останато. Пред да одам во кревет, ги мијам забите. 

Објавено:
9 октомври 2015
Категорија: 
Стории
Прочитано:
3.296 пати