25 години од смртта на „Императорот на соништата“ Версаче

15 јули 2022

На денешен ден пред 25 години, модниот тајкун Џани Версаче беше убиен. Тогаш светот изгуби многу повеќе од дизајнер, светот изгуби вистинска легенда.

Џани Версаче, лицето на италијанската мода, роден на 2 декември 1946 година во Реџо Калабрија, јасно го покажувал својот енузијазам уште од најрана возраст во кројачката работилница на неговата мајка. Во 1972 година, тој се преселил во Милано каде работел за различни брендови, за конечно 6 години подоцна да го изгради својот.

Фото: Vogue

Осумдесетите години на минатиот век го означуваат подемот на модната сцена во Милано, кога италијанскиот град го турна Париз од модниот трон. Во истиот тој период, Версаче почна да се издига над останатите имиња претставувајќи неверојатни дизајни, светли бои, гласни дезени и скапоцени ткаенини за мажи и жени.

Моделите на Версаче стануваат супермодели, а неговите бутици почнуваат да наликуваат на римски храмови. Тој станува омилен во круговите на ѕвезди како принцезата Дијана, Елтон Џон, Силвестер Сталоне, а покрај н его секогаш се неговите брат и сестра, Санто и Донатела Версаче.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Но 20-годишната блескава приказна на Версаче згасна токму во времето на својот најполн сјај, на 15 јули 1997 година, кога серискиот убиец Ендрју Кунанан го уби 50-годишниот дизајнер во неговата вила „Casa Casuarina" на Оушн Драјв во Мајами Бич.

Иако причината за убиството сè уште е тема на шпекулации, она што светот вечкно ќе го памети за „Императорот на соништата" сепак е блескавот белег кој тој го истави врз модните писти. Во чест на неговиот живот и дело, денес зачекоруваме назад во историјата на незаборавните моменти со неговите супермодели.

Фото: Vogue

Објавено:
15 јули 2022
Категорија: 
Стории
Прочитано:
534 пати