„Адидас“ или „Најк“ – кој ќе заработи повеќе на СП во фудбал?

16 јуни 2018

Светското првенство во фудбал кое годинава се одржува во Русија започна завчера. Вкупно 32 репрезентации ќе се натпреваруваат и ќе ги одмерат спортските сили. Но, силите ќе ги одмерат и спортските брендови.

Овој пат, битката за тоа кој ќе биде поуспешен ќе се води помеѓу „Адидас“ и „Најк“.

А еве и како:

-„Адидас“ е спонзор на најмногу тимови, но „Најк“ доминира како спонзор на најпознатите/најплатените фудбалери на светскиот куп.

-„Адидас“ годинава прославува 20 години како официјален партнер на Фифа. За годинашното, инаку 21-во по ред Светко првество, германската спортска марка одвоила помеѓу 96 и 176 милиони долари за ексклузивни права, што вклучува логото на „Адидас“ да се најде на фудбалските топки и на униформите на судиите. Сепак, нивниот маркетинг за ова првенство бил значително потивок за разлика од пред четири години за првенството во Бразил, велат маркетинг стручњаците, што го оценуваат тоа како лош потег на брендот.

- Репрезентацијата на Аргентина, Германија, Шпанија, Белгија, Русија, Колумбија, Мексико, Египет, Јапонија, Мароко, Иран и Шведска се 12-те величествени на „Адидас“. Кога се спортските ѕвезди во прашање, брендот под своја закрила ги има Лионел Меси, Пол Погба, Мохамед Салах, Луис Суарез и Месут Озил. Но, тоа не значи дека „Најк“ нема шанси да го победи „Адидас“ во многу точки.

- Репрезетациите на Бразил, Франција, Португалија, Англија, Нигерија, Јужна Кореја, Поланд, Австралија, Хрватска и Саудиска Арабија се 10-те фаворити на „Најк“. Кога се ексклузивците во прашање, „Најк“ ги има Кристијано Роналдо, Нејмар, Роберт Левандовски, Хари Кејн и Килиан Мбапе.

-Статистиката покажува дека во досегашните купови, „Адидас“ доминирала. На пример, во 2014 година, двата финалисти беа под спонзорство на „Адидас“, (Германија – Аргентина), а во последните пет купа, победниците си заминувале со трофеј со „Адидас“лого.  Но, и покрај тоа што „Адидас“ е партнер на Фифа од 1998 година, инвеститорите го преферираат „Најк“. Во контекст на ова оди податокот дека иако пред четири години преку милијарда луѓе го следеле финалето во Бразил со тимовите на „Адидас“, акциите на „Најк“ пораснале, и за три месеци после првенството ја надминале цената на „Адидас“ за повеќе од 30 проценти.

-За време на првенството, најголем бизнис се врти околу дресовите. И тука „Адидас“ како официјален спонзор е во предност, односно има најголема продажба, а со тоа и заработувачка. Но, по завршувањето на купот, а со почетокот на новата фудбалска и учебна година, „Најк“ има поголема продажба од „Адидас“ и тоа најмногу со пачрињата што ги рекламираат нивните спортски ѕвезди, најмногу обувки, маици, јакни, тренерки... Ако се има предвид дека „Најк“ успеал да привлече 132 од 200 најскапи играчи на актуелното првенство, ваквиот тренд ќе продолжи. „Адидас“ има само 59 од 200 најскапи играчи.

-Маркетинг стручњаците ќе речат дека стратегијата на „Најк“ е многу подобра. Додека „Адидас“ одвојува стотици милиони долари за Фифа, „Најк“ најголем дел од средствата ги вложува во зголемен маркетинг на нивните играчи-ѕвезди, пред сè по пат на социјалните мрежи. Според „Nielsen Sport’s 2018 World Football Report“, Роналдо има повеќе од половина милијарда сообраќај на социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер, Инстаграм) од јануари до мај годинава. Тоа е 350 милиони повеќе од Меси, кој што се смета за „top online influencer“ на „Адидас“, а кој нема Твитер профил. Ако ги разгледуваме следбениците на социјалните мрежи, Роналдо убедливо води, дури има повеќе и од Бијонсе и Ле Брон Џејмс заедно.

Кој ќе победи на пазарот, уште е неизвесно да се каже, но факт е дека „Најк“ со секоја година станува сè посериозен противник на „Адидас“. Маркетинг експерти велат дека победник или губитник е речиси невозможно да има, бидејќи анализите зависат пред сè од тоа што маркетинг тимот на брендовите го има зацртано како цел и дали успеале да извлечат максимум придобивки од вложеното.

-Што се однесува до дресовите, годинава дресовите на „Најк“ се оценети како подобри во дизајнот, додека за оние на „Адидас“ впечатокот е дека премногу алудираат на ретро моделите од брендот. Како еден од најдобрите се издвојува дресот на Нигерија, но и дресовите на Русија, Јапонија, гостинскиот на Србија и Јужна Кореја, потоа, Германија и Белгија, а инаку, дресовите што „Најк“ ги презентира се изработени од рециклирана пластика (употребени се најмалку 12 пластични шишиња за еден дрес).

-Со помало, но не незначајно учество на првенството е и „Пума“, која е задолжена за изгледот на дресовите на репрезентациите на Уругвај, Сенегал, Србија и Швајцарија. „Њу Баланс“ ги создаде дресовите на Костарика и Панама, „Хамел“ на Данска, „Умбро“ на Перу, додека „Ереа“ на Исланд и „Улспорт“ на Тунис.

Во продолжение погледнете ги сите дресови. Кој е вашиот фаворит на 21. светско првенство во фудбал?

 

 Аргентина

Австралија

Белгија

Бразил

Колумбија

Костарика

Хрватска

Данска

Египет

Англија

Франција

Германија

Исланд

Јапонија

Мексико

Нигерија

Панама

Перу

Полска

Португалија

Русија

Саудиска Арабија

Сенегал

Србија

Ј.Кореја

Шпанија

Шведска

Швајцарија

Тунис

Уругвај

Иран

 

фото извор: totalsportek.com; nike.com; adidas.com; 

Објавено:
16 јуни 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
233 пати
Извор: 
guardian