Аfter work или after home?

10 декември 2014

За сите оние што работната недела им завршува во петок, чувството на ослободување е незаменливо. Забавите после работа на некој начин станаа незаобиколен тренд во социјалниот живот, а петок, специјалниот ден за дотерување. Доколку на овој ден направите обиколка низ скопските кафулиња, несомнено ќе ги забележите преполнетите локали, каде дотерани момци и девојки со добра музика и пијалак со колегите, го слават почетокот на викендот. Но, се запрашавме до каде е актуелноста и значењето на ваквите забави, кои станаа задолжителна пост-работна терапија? Сигурно досега сте биле дел од after work, а токму тој ден пред да појдете на работа сте размислувале за некој поспецифичен стајлинг, лесно прилагодлив за на работа  и за забавата што следи. Се разбира доколку немате строги униформирани правила.  Силната шминка, екстремно високите потпетици, мини здолништа, длабоките деколтеа, високите шлицови и светкавите костуми, дефинитивно не алудираат на опуштеност и комфор. Надоврзувајќи се на тоа, сигурно не би претставувале вистински изглед како треба да се појавите на забава од ваков карактер.

Од генерална гледна перспектива, работното време за повеќето, завршува околу 17 частот. Во Скопје,  на агендите на  популарните забави после работа, „шемата“ стартува нешто подоцна. Токму тој меѓу период е одличното време да се отиде до дома, специјално за дотерување, а после автоматски од „афтер“  на вечерна журка. Не дека е случај за секаде и секого, но очигледно се случува. Потврда за тоа се изгледите што ќе ги забележите кои сигурно не се дрескод на ниедно работно место, па дури ни за полиберални работни позиции. Оттука „афтер-от“ преминува во „after home“  и во сосема поинаков изглед, нетипичен за релаксирана забава. Секако исклучоци постојат, пред се ако од програмата е поставена одредена тематска забава, која би органичувала во поглед на изборот на гардероба. Но, во поглед на облеката на забавите после работа, на социјалните мрежи можете да сретнете и покани  што ќе ве стават во дилема.

Во нив единствено е  наведено само  дека влезот е слободен  за пристојно облечени градски ликови. Локали со поставени сопствени стандарди и критериуми за дефиницијата на „пристојно“, што само може да претпоставуваме што за нив значи. Затоа, пред да тргнете на петочно опуштање, добро проверете ја програмата во случај да не изгледате „пристојно“ кога ќе стигнете пред влезот. Со цел и преку фотографија да ја доловиме атмосферата од  актуелните забави, присуствуваме на after work забавата во кафулето Deja Vu во Аеродром, каде не беше случај да важи правилото за „пристојно“ облечени. Наидовме на голема гужва и позитивна атмосфера со музика во живо, а повеќето присутни не изнеданија со своите лежени и урбани стајлинзи, кои изгледаа компактно  за after work, а не after home. Петок се ближи, размислете на кој начин ќе го комплетирате вашиот „пристоен“ изглед. Се гледаме на after!

 

Објавено:
10 декември 2014
Категорија: 
Стории