„Секој сака да го работи она што го прави среќен,“ вели Аури, девојка од Финска која обожува да чисти туѓи домови, од една едноставна причина - затоа што ја бива.
Пријателите на ТикТок и Инстаграм бараат помош од неа така што и праќаат фотографии од своите валкани и растурени домови, а Аури со задоволство доаѓа и ги чисти и најтврдокорните дамки.
Најчесто ги одбира задачите кои многумина би ги одбиле, па просториите ги претвора во беспрекорни и чисти. Еднаш возела до 7 часа за да стигне до куќата каде требала да чисти, а во друга пригода перела валкани садови кои така стоеле цели 2 години.
Верува дека секој човек заслужува нов почеток и тврди дека таа го прави ова бидејќи едноставно е добра во она што го рабпти. А го работи бесплатно!
Резултатите од својата работа ги документира, а снимките се вчудоневидувачки.