Бернар Арно за CNN ги открива основните вредности на Луј Виотн

25 март 2014

Во еден летен ден 1835 година, еден тринаесет годишник од Источна Франција пеш се упатил кон Париз. После скоро 500 километри пат, преноќување кога ќе пронајде сигурно засолниште и извршување на најтешки работи за да заработи некој денар, две години подоцна конечно стигнува во Париз. Млад и вреден, веднаш се вработил кај еден занаетчија кој изработувал кутии, подоцна како деветнаесетгодишник, отвора сопствена занаетчиска работилница во која почнува рачно да изработува ковчези какви во тоа време носеле светските патници.

Неговото име е Луј Витон, а век и половина подоцна, компанијата што ја основа е една од најпрепознатливите луксузни брендови во светот, а според „Форбс“ вреди скоро 30 милијарди доалри. Историјата на компанијата „Луј Витон“ е поврзана со патувањата. Најпрвин „Луј Витон“ изработувал само багаж за истражувачи, за постепено производите се менуваат во склад со животниот стил на купувачите, раскажува во интервју за CNN директорот на конзорциумот Бернар Арно.

„Луј Витон“ е еден од првите луксузни западни брендови кој се појави на Кинескиот и Монголскиот пазар, а денес дојде дури и до Индонезија и Јужна Америка.

-Кога во 1991 година отидов во Кина, на отворањето на првата продавница „Луј Витон“ во таа земја, а на улиците можеше да се видат само неколку автомобили. Насекаде имаше само велосипеди. Токму поради тој факт, отворивме и еден луксузен момент во местото, а денес дури има 20 ширум земјата, вели Арно.

Познатиот монограм LV, кој е заштитен знак на производот е претставен во 1896 година. Арно истакнува дека компанијата не мора да има лого, за работата да биде препознатлива. Многу производи и денес се рачно изработени во погоните во Франција, а вработените мора да поминат обука која трае меѓу 18 месеци и две години. Долговечноста на брендот на пазарот за луксузна мода,  „Луј Витон“ ја  има поради преголемото внимание кое се посветува на деталите, вели директорот Бернар Арно.

-Она што воспостави „Луј Витон“ е квалитет. Не работиме маркетинг, само правиме производи кои се со исклучителен дизајн и изработка, дополнува Бернар.

Во 1997 година, компанијата го ангажираше Марк Џејкобс како креативен директор, со што започна и долготрајно и успешно партнерство кое траеше се до крајот на 2013 година. Џејкобс ја креираше првата колекција за брендот, за презентација на Париската модна недела. Од тогаш, брендот стана познат и по театралните модни ревии.

-Многу е важно кога имате дизајнер како Марк, кој е гениј да му дадете потполна слобода. Модните недели се момент кога дизајнерите можат на светот да му ја покажат својата идеја, завршува Арно.

LVMH исто така ги поседува мега брендовите Кристијан Диор, Живанши и Дом Перињон.

Од видеото во продолжение можете да погледнете повеќе детали од создавањето на брендот раскажани од Бернар, како и сегменти од работата во погоните и првите куфери кои веќе се антика.

#t=199

Објавено:
25 март 2014
Категорија: 
Стории