Daddy Dressed Me: Татко кој шие облека за својата ќерка

12 јануари 2021

Дека врската помеѓу таткото и неговата ќерка е посебна, потврдува профилот на Американецот Мајкл Гарднер од Филаделфија. Тој е татко кој стои зад Инстаграм профилот @daddydressesmebymg на кој прикажува фотографии од облеката која ја шие за својата ќерка Ава.

Првото парче гардероба за својата ќерка го сошил кога имала само 3 години, а радоста во нејзините очи го инспирирала да продолжи понатаму. Неколку YouTube туторијали и онлајн часови подоцна, Мајкл Гарднер сега може да се пофали со повеќе од 200 комбинации направени за својата малечка. 

Неговата цел е да ја научи Ава да се сака себеси и другите околу неа, но и да ги поттикне сите татковци во светот да минуваат што е можно повеќе време со своите ќерки. Избирајќи бои и ткаенини, Мајкл и Ава минуваат повеќе време заедно, а Мајкл веќе почнува и да ја учи Ава како да ја користи својата машина за шиење. 

Честопати знае да ја комбинира и својата гардероба со нејзината, а многу се надева дека еден ден ќе му дозволи да го сошие и нејзиниот матурски фустан. 

Што се однесува до Ава, едноставно ги обожува моделите кои нејзините татко ги прави за неа, а со гордост кажува дека се негово дело, секогаш кога некој ќе ја праша. Мајкл неодамна го претвори ова свое хоби и во бизнис. 

Објавено:
12 јануари 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
154 пати