Дали црната боја навистина нè прави послаби?

23 февруари 2021

Многумина се убедени дека одговорот на ова прашање е Да.

Но, праксата покажува дека тој одговор не е секогаш точен, а еве и што придонесува за тоа:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Best__outfits (@best__outfits__)

1. Перцепција

Научници велат дека дали нешто ќе ни изгледа помало или поголемо, односно во случајов дали ќе ни изгледа дека црната не' прави (нас или некој друг) послаби зависи од перцепцијата, односно од тоа како нашите очи ја примаат бојата. Така на пример, една иста жена облечена во црно ја набљудуваат неколку луѓе од страна, дел од нив ќе ја видат послаба од што реално е, додека пак други ќе ја видат со реалните пропорции, токму онаква каква што е, без оглед на тоа која боја ја носи.

2. Кожата

Колку и да имаме впечаток дека црната на сите им прилега не е така. Кога ќе слушнете некој да ви рече „Изгледаш бледо“ или „Изгледаш старо“ во црно, размислете, можеби е сепак во право. 

Истражувања покажале дека жените кои имаат посветол тен, односно постуден тон на кожата, црната подобро им прилега. Од друга страна, оние со потопол тон на кожата, а тука најчесто спаѓаат оние со потемен тен (иако не мора нужно да значи), кога ќе облечат црно кожата им изгледа уморно и без сјај. 

 фото извор: my.liveyourtruth.com/

3. Кројот

Црната има свои нијанси и не секому секоја нијанса му одговара. Но, има нешто поважно од црната нијанса - кројот. Без оглед на тоа која боја носите, доколку сакате да изгледате послабо, треба да го најдете вистинскиот крој за вас, тоа е многу посигурен избор од црната нијанса.

4. Секој е приказна за себе

Во продолжение ќе видите како на една иста жена, парчиња во црна нијанса, со различен крој, различно ѝ прилегаат. 

Исто така, ќе видите пример кога бојата врши повеќе услуга отколку црната. Исто така, комбинацијата со две бои може да направи чуда. Ако сакате на пример, да ги сокриете колковите, тогаш долниот дел нека е во темна нијанса, но горе носете боја. 

Ако имате широк граден кош и раменици, тогаш белата блуза нема да ви направи услуга, заменете ја со темна нијанса, а долниот дел од комбинацијата нека е во посветла боја. 

Уште една заблуда е дека пастелните и светлите бои додаваат визуелно килограми, не додаваат повеќе, но можат да ги истакнат деловите што би сакале да ги сокриете - спојлери, стомак, целулит... И уште еден совет за крај. Црната не е единствената темна нијанса што ќе направи да се чувствувате добро. Вметнете ги во гардероберот и темносината, темновиолетовата, кафената, зелената. 

 

После сето ова, заклучокот би бил дека црната не секогаш ќе ни ги одземе килограмите. За нејзината доминација во речиси сечиј женски гардеробер можеме да ѝ заблагодариме на Коко Шанел и нејзиниот мал црн фустан, но и на „Живанши“, „Сен Лоран“ и други модни куќи, кои направија силен моден импакт.

Сепак, како што покажуваат примерите од погоре, се работи за комбинација од повеќе аспекти, па следниот пат кога ќе си помислите дека без црната не би имале што да облечете, размислете повторно и потсетете се на овие примери.

Да, таа ќе остане класика на која секогаш ќе ѝ се навраќаме, но излегувањето од комфорната зона не мора да е секогаш страшно!

Објавено:
23 февруари 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.264 пати
Тагови: 
црна стории мода