Приказни од градот

Даниел Китески: Не мора да бидете милионер за да си дозволите да патувате на далечни дестинации

29 август 2019

Даниел Китески е името позади Passport Symphony, веќе светски познат блог за патување кој обработува дестинации/скриени места кои што не се посетени од многу туристи и совети за како да патувате на далечни дестинации на најевтиниот можен начин.

Желбата за далечни патувања и љубопитноста за животот во земји од другата страна на планетата кај него е присутна уште од најрана возраст, но неговото прво далечно патување се случува по дипломирањето на Економскиот Факултет во Скопје. По успешното поминување на низа интервјуа без многу двоумење, Даниел заминува на пракса во Њу Делхи, Индија каде што работи во маркетинг департманот на една од многуте Индиски брзoрастечки старт ап компании.

Тој минува една луда и незаборавна година во Индија, по што одлучува да направи нешто што многу други не би се осмелиле - да патува сам во повеќе од 20 различни земји. На еден од неговите летови, ја запознава својата (сега) девојка, Сарин (тогаш вработена како стјуардеса во Индиго), со која е во врска веќе 2 години.

„12 месеци и 36 земји подоцна, решив да го започнам мојот блог, Passport Symphony, за да им покажам и на најголемите скептици дека не треба да бидете милионер за да може да си дозволите да патувате на далечни дестинации. Нецели две години подоцна, Passport Symphony e веќе познат бренд со повеќе од 50,000 читатели месечно", ни посочува Даниел.

Моментално, Даниел е во Скопје каде што заедно со Сарин ја планираат нивната следна голема авантура.

За инспирација посетете ги неговиот блог и профил на Инстаграм. Воодушевувачки нели?

Објавено:
29 август 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.414 пати
Тагови: 
блог патување