Делата на Тери Ричардсон се најдобро чуваната тајна во модната индустрија

19 февруари 2014

Сите знаеме дека градењето на модна кариера значи одење по трнлив пат, особено за младите девојки кои сакаат по секоја цена да просперираат, да бидат следната Карли Клос и кои стравуваат дека откажувањето од одреден ангажман ќе биде крај на нивната се уште не започната кариера.

Голем број модели кои сепак одлучиле да останат анонимни, но и такви кои и после долги години по сексуалната злоупотреба не можат да се смират, решија јавно да прогорат за овој проблем, за кој модната индустрија е глува. Меѓу нив се канадскиот модел Лискула Кохен и Џејми Пек од кои било барани да се соблечат голи, орално да го задоволат фотографот или машките модели кои биле на сетот или пак гол да го сликаат Тери, кој обожавал сред сликање да ги тргне алиштата од себе и да се самозадоволува пред моделите и да го навредува женскиот род, нарекувајќи ги сите девојки евтини проститутки кои паѓаат на неговите муабети дека ќе им обезбеди влез во модниот свет благодарение на својата слава.

Уште поголем проблем е тоа што  девојките воопшто не се заштитени и голем дел од нив се малолетни и стравуваат да кажат категорично НЕ на неговите бескомпромисни барања. Иако за неговото деструктивно однесување знаат буквално сите инволвирани во оваа професија, ретко кој јавно проговорува против својот долгогодишен пријател и колега.

Данскиот модел Рие Расмусен во 2012 година на забава за време на модната недела во Париз му пристапила на фотографот кој го нарекуваат „Чичко Тери“ како да е тоа некој негов фетиш и му кажала дека неговата работа ги деградира жените и дека злоупотребува голем број девојки само затоа што е познат фотограф, дека слика за Вог и има голем број контакти од модните кругови. Ричардсон како и многу пати претходно не возвратил на обвинувањата, но наредниот ден ја контактирал матичната агенција на Рие и се покажил дека го навредувала со секакви имиња пред голем број јавни фаци од парискиот џет сет.

Тери досега има соработувано со голем број ѕвезди,магазини и модни куќи како што се Мадона, Мајли Сајрус, Лејди Гага, Кејт Мос, Мила Кунис, близначките Олсен, Vogue, Harper’s Bazaar, Rolling Stone, The Vanity Fair,  Марк Џејкобс, Том Форд, Дизел, Манго, Џими Чу, Гучи и други.

И покрај тоа што сите се свесни за неговото однесување, сексуалната злоупотреба  и фактот дека фотографиите се граничат со порнографија, сепак голем број компании продолжуваат да ги користат неговите услуги. Интернет петицијата против Ричардсон досега има соберено над 20. 000 потписи, брендот H&M ја прекина соработката со него, а Лена Данхам во магазинот Guardin го нарече „сексуален предатор“ кој не го смета за свој пријател.

Модниот дизајнер Марк Џејкобс јавно признал дека тој е добар фотограф, но дека не дозволува да ја преминува границата на нормалната кога слика кампањи за него.  Фотографот заедно со менаџерот на неговото студио и асистентот, постојано угнетуваат голем број девојки кои не се свесни што ќе им се случи кога се затвараат вратите на неговото приватно студио. Единствено нормално однесување Тери има само кога на сетот присуствуваат голем број луѓе кои би можеле да бидат сведоци на неговото непристојно однесување и секако познатите личности кои имаат изградено голем статус за да може да се одбранат од саксистичкото однесување на Ричарсон.

Фактот што сите го знаат неговото однесување не значи дека агенциите превземаат конкретни заштитни метки кога на снимање испраќаат малолетни девојки. Голем број луѓе кои се дел од модните кругови советуваат секогаш со нив да имаат телохранител и доколку забележат знаци на злоупотреба да ја повикаат полицијата. Но сепак кој би и поверувал на некоја малолетна анонимна девојка која смета дека тоа е патот кој треба да го изоди за да добие ангажмани од позната модна куќа или пак насловна за Вог?

Сите се свесни дека тоа што се гледа по модните магазини и на модните ревии од првите редови ни одблиску не ја отсликува реалната слика, но прашањето е по која цена треба да биде нарушено човечкото достоинство за да се оствари сонот на светски познат модел? Дали девојките се гледаат како предмети кои се лесно заменливи и се користат само за една употреба?  По се изгледа дека освен ретките исклучоци кои имале среќа да изградат статус, останатите манекенки секојдневно трпат големи тортури, а примерот со Тери Ричардсон е само еден од многубојните примери кои сепак остануваат само јавни тајни.

Објавено:
19 февруари 2014
Категорија: 
Стории