Дизајнерите со здружени сили ја креираат иднината

24 април 2014

born-free01

Модната индустрија се вклучи во проект за запирање на пренесувањето на ХИВ -вирусот од мајка на дете, насловен како „Born Free“ (Родени слоодни). На чело на оваа акција стојат Џон Мегру и Apax Partners U.S., а поддржана од Ана Винтур и Дијан фон Фурстенберг.

Дваесет и две дизајнерки, кои се исто така и мајки, се вклучија со дизајнирање на парчиња, што ќе се најдат на продажба преку Shopbop.com, сопственост на Амазон, а што го овозможија токму горе споменатите дизајнерки. На парчињата е вклучен еден од двата принта на уметникот Вангечи Муту.

Целта е да се зголеми свесноста, како и да се обезбеди фонд со помош на кој ќе се најде едноставно решение за еден аспект од епидемијата на СИДА во Африка - со само една пилула што жените ќе ја земаат дневно, да се запре пренесувањето на ХИВ вирусот од мајка на дете за време на бременоста.

-Добрата работа за Born free е што тој веќе е решение. Најчесто, треба да се работи многу за да се дојде до овие неверојатни откритија. Но, овде ако жените земаат една пилула дневно, нивните деца ќе се родат без ХИВ вирусот. Тоа не е само надеж - тоа е реалност - вели Фон Фурстенберг.

Од кампањата Born free Од кампањата Born free

Повеќе од 90 проценти од ХИВ инфоцираните кај децата се резултат на пренесен вирус од мајките, што може да се случи за време на бременоста, раѓањето на детето или за време на доењето на бебето. Иако опасноста од ова пренесување на вирусот успешно се елиминираше во Европа, САД и останатите делови од Западот, сепак ова е голем проблем во голем број земји во Африка. Во 2012 година дури 260 000 деца беа инфицирани од ХИВ од нивните мајки. Пилулата пак, покажа успешност од дури 98 процента.

А Мегру објаснува и како модата стана дел од оваа приказна:

-Модната индустрија пред се беше првата индустрија инволвирана во борбата против ХИВ во 1980-тите, а исто така, овде се работи за мајки и деца, кои несомнено се поврзани со модата. Но, исто така, потребна ние е поголема свесност за кампањите, за да бидеме сигурни дека од развинеите земји ќе продолжиме да добиваме финансиска поддршка, за да можеме да оствариме успех новородените бебиња да бидат без ХИВ вирусот.

Винтур и Фон Фурстенберг се согласуваат со ова.

-Точно е дека модната индустрија беше една од првите што се вклучи во ваков тип борби. Кога првпат ни се обратија за помош во Африка, не можевме да не прифатиме, затоа што навистина има смисла да бидеме дел од тоа. Немаше воопшто двоумења. Сите дадоа свој придонес и облеката е одлична - интересна и мошне различна. Не се работи само за маици, туку за колекција. Ако успее, можеби ќе организираме и втора колекција со некој друг уметник, иако оваа акција ќе трае до 2015 година - изјави Винтур.

Од кампањата Born free Од кампањата Born free

Изборот на дизајнерите се правел според тоа достапноста, односно зафатеноста, а единствениот предуслов било да се мајки.

Така, во овој проект се вклучија Каролина Херера, Миуча Прада, Консуело Цастиглиони од Марни, Алберта Ферети, Клер Вејт Келер од Клое, Фиби Фило од Селин, Исабел Марант, Вера Ванг.

-Со оглед на тоа дека сите се мајки, ова за нив беше мошне емотивно и тие го ставија Born free на врвот на нивните приоритети. Не се работи само за креирање облека, туку креирање на двжење околу целта на проектот- објаснува Силвана Вард Дурет од Вог.

Во колекцијата се вклучени и ќебенца изработени од Сара Бартон од Александар Меквин, како и Стела Мекартни, Донатела Версаче создаде маици, а Викторија Бекам се одлучи за минималистички фустани, без ракави, а Дијан фон Фурстенберг пак дизајнираше шалови и торби со голем број надворешни џебови.

Сите продукти ќе се најдат на Shopbop, а севкупниот профит ќе оди за проектот. Цената на парчињата ќе се движи од 39 до 450 американски долари.

- Ова е многу важна иницијатива. Им помага на бремените жени во Африка, носителки на ХИВ вирусот. Нема ништо поважно од здраво бебе. Така, на мајките им дава надеж дека нивното дете ќе има одлична иднина - вели Тори Бурч.

Дона Каран се вклучи преку брендот DKNY.

Дизајните од DKNY Дизајните од DKNY

-Секој проблем има решение. Во овој случај, решението е едноставно: Работете на вашата свеснот. Делувај, нека се случат работите! Креирајте движење на жени дизајнери и креирајте ја иднината. Заедно, можеме да го направиме ова и разлика ќе има - сигурна е Каран.

Но, поддршката не е само од дизајнерите. Фондот MAC AIDS Fund се согласија да донираат 500.000 долари од продажбата, а магазинот Conde Nast  во мајското издание ќе има реклама и ќе донира 100 проценти од претплатата на магазинот во рамки на САД.

Винтур истакна дека магазинот има таква моќ да создаде промена. „Ние сме многу моќна компанија, со големо влијание во светот и многу е важно за нас тоа влијание да го искористиме за добри цели“.

мајското издание на Вог- Америка мајското издание на Вог- Америка

Мегру смета дека овој проект има исто така една поголема порака.

- Глобалните здравствени проблеми се примарно финансирани од владите. Приватниот сектор истапи со големи чекори, но владите мора да ги водат тие глобални проблеми. Со собраните средства, ќе бидеме во можност да инвестираме во Африк, а со тоа ќе имаме можност мошне ефективно да им пренесеме на владите која е важноста од ова што го правиме и зошто треба да ни помагаат.

Во продолжение погледнете дел од дизајните за оваа пригода, а сите можете да ги видите тука.

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Стории