Приказни од градот

Дома кај Христина од Скопје: Цики живее во црно-бел дом, а светот ѝ е шарен

17 септември 2020

@ciki.home е приказна за точки, црно-бели пруги, топло уреден дом и едно мало, младо и симпатично семејство од Скопје. Нашата денешна Приказна од градот ви ја раскажуваме заедно со Христина Милевска, младата мајка која стои зад Инстаграм профилот кој ужива се поголема популарност, @ciki.home. За тие што пасионирано се посветени на уредувањето на домот, а често бараат инспирација на социјалните мрежи, веројатно веќе добро го познаваат нејзиното црно-бело катче на Инстаграм.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onJul 13, 2020 at 2:44am PDT

Толку автентично и свое, проткаено со симпатични приказни од секојдневието на ова хармонично семејство, е еден убав и светол пример за позитивниот тон на Инстаграм.

Цики (речиси никогаш Христина) за себе вели дека е малку перфекционист , малку хаотичен сонувач, борец за правда, за секој и за сè. Цики живее во црно-бел дом, а светот ѝ е шарен , експлозивен и динамичен...

„Сакам да верувам дека сите можеме да го направиме светот поубаво место за живеење, дека малите чекори од секој поединец се големи промени во опшеството. Генерално сакам да сонувам и да реализирам сониште. Верувам дека за картко ме чека авантура која ќе го промени мојот живот на подобро се надевам. Се трудам да сум позитивна и да ширам таква енергија", ни вели Цики во почетокот на нашиот разговор. А остатокот го читате во продолжение...

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onJul 28, 2020 at 1:25am PDT

Христина, кое е првото чувство кога после напорен и динамичен ден ќе се вратиш дома?

-Дефинитивно чуство на среќа ме обзема со секое доаѓање дома, не знам како да опишам, дома ми е љубов, дома ми е спокој, дома е кај што среќни деца среќно живееме. Дома не е само мебелот и декорацијата, енергијата која ја шириме е многу поважна за дома да се чуствувам среќно, а кога имаш дете од 1 ипол година дома, домот е исполнет со детска и позитивна енергија .

Твојот дом е една навистина симпатична приказна која го добива заслуженото внимание и на социјалните мрежи. Отсекогаш ли постоела кај тебе пасијата за ентериерното уредување или можеби Инстаграм ја засили таа страст кај тебе?

-Ќе речам дека да отсекогаш, уште како мала сакав да си играм куќа  и да си уредувам местам и преместувам, ама склоп на околности одреден период и го работев внатрешното уредување и можам слободно да кажам дека тоа беше еден од најубавите периоди од мојата кариера, никогаш не се чуствував како да одам на работа .

Инстаграм само ја дополни мојата пасија и да бидеме релани е една непресушна животна инспирација .
Уживам да гледам профили со ентериерно уредување, да барам инспирација кај профили кои премногу вложуваат во сè што се пласира, секаде низ светов, како и кај нас бидејки има сè повеќе и повеќе „Interior design" инспиративни приказни, наши од кој црпам инспирација и мечтаам за нешто ново што јас би го средувала за "среќни деца ", а можеби и за некој друг.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onJun 22, 2020 at 3:17am PDT

Која е онаа највпечатлива карактеристика која му дава идентитет на твојот дом?

-Црно- белите комбинаци, точки, линии црно –бели, сè што е во таа форма и комбинација на боја, успешно доминира. Јас како личност сакам многу точки и тоа во тие бои. Сакам да ги носам на мене, да пијам кафе од таква шоља, да спијам на перница со точки, ме прават среќна и ме исполнуваат. Некако и сите луѓе ме научија и ме знаат како Цики и точките.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onMay 8, 2020 at 3:09am PDT

Имаш ли свое, лично омилено катче во домот?

-Во периодот од пролет до доцна есен омилено и најискористено место во домот ми е терасата, тоа е место за одмор, за собиранки со друштво и семејство, за долги ноќи со пијачка и разговори. Следствено на тоа, најчесто го сликам тој дел од домот во тој период, се опседнувам со цвеќиња и декор за на терасата, знам да ја свртам 100 пати во тек на една сезона, да сменам 300 декорации и истите не се само за на фото, туку се за реален живот и уживање .

Во останатиот период од годината, без размислување ќе кажам кујната. Отсекогаш, засекогаш омилена и сакана. Тука сум најголем дел од времето дома и стварно уживам во неа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onMay 8, 2020 at 3:09am PDT

Како би го дефинирала стилот или естетиката што го диктира амбиентот во твојот дом?

-Нема некој одреден стил, би рекла дека се измешани стилови и тоа малку класично со монохроматски примеси, доза модерно, ама комфорно и опуштено.

Какви прашања во однос на уредувањето најчесто добиваш во инбокс и кои се твоите одговори?

-Најчесто се тоа прашања од каде нешто е купено, а има и прашања да помогнам во однос на некое уредување кај некој од моите инстаграм пријатели.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onApr 1, 2020 at 6:12am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onMar 16, 2020 at 2:13am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onMar 5, 2020 at 10:34am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onFeb 5, 2020 at 12:26pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onJan 27, 2020 at 5:47am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onFeb 23, 2019 at 2:25am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onAug 17, 2020 at 6:27am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onJun 7, 2020 at 3:27am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христина (@ciki.home) onMay 12, 2020 at 11:09am PDT

Објавено:
17 септември 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
4.272 пати