Џоан, ти благодариме за оксфордките

12 мај 2016

Во 2012 година, кога Дејвид, нејзиниот сопруг и бизнис партнер почина, Џоан Хелперн изјави за „Њујорк Тајмс“: „Забележавме дека жените трчаат низ аеродромите. Па, одлучивме да направиме чевли за жени што трчаат низ аеродроми“.

Тој начин на размислување прерасна во креација, а таа во успех заокружен во бренд што ги носи нивните имиња – Joan&David. Ако жените на некој треба да му заблагодарат на удобните обувки што им се достапни, тогаш тоа е оваа брачна и бизнис двојка.

Дејвид и Џоан Хелперн

За жал, викендов почина и Џоан и тоа на 89-годишна возраст од компликации на респираторниот систем, оставајќи зад себе богатство кое говори за генијалноста и храброста на оваа жена, која покажа дека стилот не е еднаков на болка.

За оние што не слушнале за оваа двојка и бренд, нивните први направени обувки не се ниту стилето, ниту било кој друг тип на обувка со висока потпетици што се очекува дека жените би ја носеле. Во 1967 година тие создадоа дизајнирани обувки, сино-бели оксфордки, неизмерно удобни и  исто популарни и денес, како и во времето на појавувањето.

-Ми рекоа дека жените се омажени за високи потпетици. Ми рекоа и дека нежните, неструктурирани, лесни чевли нема да се продаваат. Луѓето се смееја. Особено чевларите во Нова Англија (New England), кои ми рекоа дека ќе ме „одерат“ жив – изјави Дејвид во 1989 година за „Њујорк Тајмс“.

Инаку, Дејвид и Џоан стапуваат во брак во 1960-тата. И двајцата се образувале на Хардвар. Семејството на Дејвид водело продавници, а него го интересирале патувањата и историја, а имал амбиција да го води одделот за чевли во семејните продавници. Џоан пак, била психолог, создавала едукациски програми, но немала никакво официјално дизајнерско искуство. Но, следејќи ја амбицијата на сопругот, Џоан сфатила дека знае многу повеќе за тоа што сакаат жените да носат, особено оние вработените, од веќе докажаните чевлари.

Истата година, таа работејќи во една бостонска фирма, успева да се образува и во насока на создавање и креирање чевли, што потоа доведува до отворање на нивен бренд.

Естетиката на Joan&David, толку едноставна и класична, со едноставни бои што можат да се носат насекаде (вклучувајќи ги и терминалите на аеродромите) многу бргу го привлекува вниманието на луѓето и обувките стануваат хит.

Џоан Хелперн

Иако таа е една од легендите, сепак постојат многумина што не слушнале за Џоан, иако нејзиното влијание во оваа индустрија се рефлектира на неколку нивоа. На врвот на популарноста, Joan&David успеале да остварат приход од 100 милиони долари, да отворат продавница на Медисон Авенија и да ги убедат италијанските фабрики дека всушност, треба да работат со жени.

-Кога се работеше за крајната фаза на договор, кога требаше да се склучи зделката, тие сакаа да погледнат во очите на маж – вели таа за почетоците.

Но, подоцна тоа се менува. За тоа говори и фактот што во 1986 година е именувана за дизајнер на годината од Footwear News. Како за споредба, годинава таа награда му припадна на Канје Вест.

Но, една од работите по која најмногу ќе се помни ликот и делото на Џоан, е нејзината свежа и пред-времето-перспелтива за тоа како жената треба да се облекува и какви чевли да носи, што особено се коси со денешниот „аеродром стил“ на жените, без оглед што во својата понуда подоцна вклучија и чевли на повисоки потпетици.

Едно од нејзините животни мисли е дека можеш да изгледаш и да се чувствуваш добро без да мораш да правиш било каков компромис.

Во нивниот бренд, Џоан била креативен директор и го надгледувала производството на рамните обувки во Италија. Од оскфордки потоа се развиваат уште стотина стилови, од украсени мокасини до кожени оксфродки и балетанки во интензивни бои, дури и со детали во принт. Цената на обувките се движела од 100 до преку 650 долари.

Своите дизајни гопоѓа Хелпберн ги објаснува велејќи: „Попрво сакам да ја видам личноста, отколку тоа што го носи. Затоа и моите обувки се дискретни“.

Џоан Евелин Маршал е родена на 10-ти октимври 1926 година во Бронкс. Дипломира на „Хантер Колеџ“ на смерот за економија и психологија. Магистрира на социјална психологија на „Универзитетот Колумбија“, а на „Харвард“ докторира исто така на психологија.

Во времето кога се мажи за Дејвид, тој е вдовец со мал син, а таа е разведена, но без деца. Дејвид и Џоан се разведуваат во 1998 година, но сè уште се дел од своите животи.

Во 2000 година, после пет години финансиски потешкотии, компанијата се соочи со стечај и беше продадена на Maxwell Shoe Company за 16.8 милиони долари.

-Оставив трага во модниот свет и чекор нанапред за жените – изјави во една пригода Џоан и сосема е во право!

Објавено:
12 мај 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.495 пати