Во ек е сезоната на награди и црвени килими, па токму затоа преку фотографии ќе направиме осврт на модата на овие пригоди. Со текот на годините таа се менува, па ако во почетоците доминантни беа тоалетите долги до под, последните години се' поприсутни се комбинации со панталони, комбинезони...
Погледнете:
1940
Премиера на Однесено со виорот, каде Оскаровката Нора Ширер носи долга тоалета и исто толку долга крзнена бунда, што е стандарден изглед во времето на стариот Холивуд.
1955
Одри Хепберн, музата на Живаши. Токму и негов фустан, со цветен принт носи и на доделувањето на Оскарот за улогата во филмот Roman Holiday. Магазинот Тајм го прогласи на најстилски на сите времиња, а самата Одри го нарече „мојот среќен фустан“.
1955
Една година пред да стане Принцезата од Монако, Грејс Кели го прими Оскарот за улогата во филмот The Coutry Girl. Фустанот што го гледате на фотографијата специјално за неа го дизајнираше Едит Хед.
1956
Во Златното доба на Холивуд, гламурозните ѕвезди како Џоан Крафорд на црвениот килим се појавуваа во крзнени парчиња, а пред да биде основана ПЕТА.
1974
Времето кога се појавија женските одела на црвениот килим. Сите очекуваа десетгодишната Татум О'Нил, која тогаш беше најмладата добитничка на Оскар, да се појави во фустан во стилот на Ширли Темпл, но таа беше доволно кул за да се појави во сатенски фрак.
1989
Барбара Стрејсенд се појави на црвен килим во транспарентен комбинезон со светки, со ѕвонести ногавици. Иако Барбара подоцна во интервјуата изјави дека не знаела дека ќе биде толку транспаретно под рефлеторските светла. Но, како и да е, ова беше вистинска револуција кога е модата на црвен килим во прашање. После ова ништо не беше исто.
1990
Џулија Робертс се појави на црвен килим во широко одело со потпис на Армани. Дизајнерот вели дека таа барала нешто удобно, како што носи нејзиното момче. И покрај тоа што сите и' сугерирале да носи тесен фустан како што тогаш се носеле, таа останала доследна на својата, за тоа време, револуционерна модна одлука.
1995
На доделувањето на Оскарите, Ума Турман носеше креација на Прада, која за неа ја одбра стилисктата и дизајнерка Барбара Тфанк. Овој чекор е многу значен бидејќи тогаш за првпат нечиј изглед се поврзал со нечие име и презиме. Сега првото прашање кога е модата во прашање е: Чија креација или стајлинг е?
1996
Шерон Стоун е модна икона. Сите дизајнери сакаа да соработуваат со неа, а во 1996 година сите погодуваа чија креација ќе носи таа. Но, Шерон ги изненади сите и облече ролка и палто од својот плакар, во комбинација со здолниште со потпис на Валентино. Кој вели дека комбинацијата од домашниот плакар не може да биде добар избор?
1997
На доделувањето на Оскарите во 1997 година, Никол Кидман се појави во креација на Кристијан Диор, и тоа беше прва креација од Висока мода на црвен килим. На актерката одлично и' прилегаше. Сепак, модната критичарка Џоан Риверс, тогаш за Лос Анџелес Тајмс изјави дека „фустанот е грд. Високата мода и Холивуд, изгледа сепак не треба да се мешаат“.
1999
Гвинет Платроу во 1999 година го доби Оскарот за најдобра актерка во остварувањето Shakespeare in Love, а на црвениот килим се појави во тоалета иснпирирана од Грејс Кели, а дизајнирана од Ралф Лорен. Ова беше чекор кога ретро модата завладеа со црвениот килим.
2001
Бјорк не создава конвенционална музика, па нема причина зошто обеката да биде таква. Во 2001 година на Оскарите, додека сите се појавуваа во Армани и Гучи, Бјорк се одлучи да го облече фамозниот фустан-лебед, креација на дизајнерот со македонско потекло Марјан Пејоски. Некои нејзиниот избор го нарекоа најдобар, некои најлош, но сите зборуваа за тоа.
2002
Кога Хали Бери стана првата афроамериканка која доби Оскар во 2002 година, носеше една од највпечатливите фустани на сите времиња. Креацијата на Ели Сааб беше смел, секси, а сепак елегантен избор.
2006
Најмувањето стилист стана императив за ѕвездите во текот на 1990-тите и после 2000-тата. Дека тоа е добар избор докажа и Кидман со нејзиниот фустан од 1997 година дизајниран од Галијано за Dior Couture. Како што Холивуд и модата породолжија да соработуваат и да се „мешаат“, некои стилисти станаа ѕвезди. Рејчел Зои стана позната по тоа што им дозволи на нејзините клиенти, како Лидзи Лохан, да позајмуваат парчиња директно од нејзиниот скап плакар, па многу од ѕвездите што ги облекуваше изгледаа речиси исто како неа.
2014
Високата мода е се' повеќе дел од црвените килими. На манифестацијата БАФТА во 2014 Ема Вотсон се појави во панталони и бела блуза со голи раменици со потпис на Баленсијага, со што повторно доминира индивидуалниот стил на ваков тип на манифестации.