Галерија Виторио Емануеле II – спој на средновековен раскош и модерен луксуз

5 мај 2014

Миланската модна историја, значително гравитираше и се развиваше низ годините. Милано стана центар на модата во светот во текот на средните години, особено во периодот на ренесансата заедно со Венеција и Фиренца и сите заедно важеа за извонредна тројка која што тој период го потпиша со создавање на луксузни производи. Малкумина знаат дека своето име градот Милано го добил од англискиот збор „milaner“ што претставува синоним на првокласна стока како накит, облека, шапки и луксузни скапоцени украси. Модниот имиџ во Милано станува се погламурозен во 1970-тите години, прераснувајќи во дестинација со многубројни бутици кои што продавале елегантна и секојдневна облека. Миланските дизајни биле препознатливи по нивната практична и едноставна елеганција. Милано, почна меѓународно да станува познат како моден град во доцните 80-тите и раните 90-тите години, а својата популарност како веќе етаблирана модна платформа ја потврдува во 2009 година кога беше прогласен за град престолнина на модата во светот.

За сите вљубеници во архитектурата од 19 век, Милано е извонредно место каде шопингот може да се претвори во вистинско уживање.  Градот стана дом на голем број дизајнери како Џорџо Армани, Валентино Гаравани, Џанфранко Фере, Миуча Прада, Етро, Трусарди, Мисони, Москино и Долче и Габана. Дека во Милано се е подредено на модниот ритам потврдува и одржувањето на двете модни недели што секоја година од оваа престолнина испраќаат светска порака за најновите зимски и летни тенденции. Луксузните продавници на врвните брендови и реномираните модни куќи можеме да ги сретнеме, видиме и посетиме токму во овој град кој што може да се пофали со архитектурни зданија на шопинг центри што пленат со својот средновековен раскош и убавина.

Еден од тие трговски центри е и Галеријата Виторио Емануеле II изградена во 1870 година, а целосно дизајнирана од страна на познатиот италијански архитект Џузепе Менгони, кој за време на градењето на галеријата под несреќни околности починал и не можел да го види своето ремек дело кое и ден денес фасцинира со својата елеганција и префинетост и со право го носи епитетот на привилегирано место кое секогаш е мета на љубопитните туристи но и на мештаните. Интересен е фактот дека галеријата кoja што претставува комплексна структура од железо и стакло е изградена дваесет години пред Ајфеловата кула во Париз, а официјално отворена во 1867 година од страна на кралот Виторио Емануеле II. Спојот на традицијата и модерниот луксуз на самата градба е преточен во неверојатната уметничка изработка на мозаичниот под кој што е симбол на грбот на кралското семејство Савоја. Четирите странични мозаици се однесуваат на четирите најголеми италијански градови во Кралството Италија: Милано, претставен со црвениот крст на бела позадина; Торино, претставен со бикот, кој што е синоним за добра среќа; Фиренца, чиј заштитен знак е лебедот и вечниот град Рим со својата заштитничка волчицата која ги одгледала браќата Ромул и Рем кои подоцна ќе го создадат самиот град.

Во ваков амбиент каде што секојдневно пулсираат историјата и културата на едно време и модерните технологии на денешницата живее најпознатиот трговски центар Виторио Емануеле II. Меѓу најпознатите продавници што имаат свои седишта во трговскиот центар што лоциран во срцето на градот веднаш до катедралата Дуомо и фамозната театарска куќа Скала се Прада, Луј Витон, Гучи, Борсалино, Стефанел, Тодс, Сваровски, Пјумели, Гримолди, но и многу ресторани каде можете да земете здив по напорниот шопинг. Познатиот бар Ѕука и Мекдоналдс важат за едни од омилените места каде може да ја одморите вашата душа и да ги средите вашите впечатоци. Реномираните  дизајнерски имиња своите ентериери на продавниците ги дизајнирале за тие да бидат комплетно во согласност со градбата, но и да одговараат со стандардите на денешните актуелни трендови.

„Нурнете“ во морските длабочини на уметноста и дозволете да доживеете едно поинакво искуство кое ќе претставува хармонична приказна што ќе ги задоволи вашите модни апетити но ќе ви понуди и поинакви културни перцепции.

 

 

Објавено:
5 мај 2014
Категорија: 
Стории