Ги разбираме ли вистински пораките на маиците

18 август 2014

collage1-790x647

Кога е во прашање уличната мода, „феминизмот“ во Америка не само што веќе не е табу тема, туку станува опасна маркетинг алатка. Една од предводничките на трендот е и Леа Мексвинеј со својот бренд Married To The Mob (MTTM). Репутацијата на нејзиниот бренд ја изгради токму на провокативни слогани како „Supreme Bitch“ или „Fine ass feminist“. Тоа беше рискантен потег, но во случајов, тој што ризикуваше и доби. Сега не само што има успешен бренд, туку и соработува со светски познатите Lacoste и Reebok, како и со париската добропозната продавница Colette. За популарноста на MTTM придонесуваат и славните клиентки меѓу кои се и Ријана и Кара Делевињ.

Кара е голем обожавател и на Dimpiec, уште еден бренд кој за своето лого употреби женски симбол. Манекенката честопати е мета на папараците носејќи маица со натпис „Ain't no wifey“, пренесувајќи порака дека таа „не е ничија женичка“.

tumblr_ma0ck4aquv1qah5ozo1_500_aint_no_wifeysupreme-sues-mttm-supreme-bitch-tee-01

Дека маиците со натписи се одличен медиум со кој своето тело можете да го претворите во пано се согласува и Мари Елен Бурсие, авторката на книгата „Разбирње на феминизмот“. Но, оваа авторка, познат француски социолог смета дека тој начин на привлекување на внимание не е секогаш позитивен за женската еманципација и дека постои сериозна опасност од погрешно толкување.

-Тие пароли се сосема деконтекстуализирани, нејасно е од каде потекнуваат и со што се врзуваат. Носиш ли на маица со натпис „Bitch“ (кучка), а притоа асоцираш на порнографија, тоа е и со најдобрата намера, маестрално промашување. Но, додека Мари Елен потсетува на негативните последици и негодува поради маркетинг експропријација, научничката Кристин Бард е ентузијастична.

„Тоа што комерцијалните брендови преземаат феминистички слогани е добра вест. Феминизмот значи заслужил да се копира. Се' е подобро од тишина“.

Леа Мексвини од МТТМ пак скромно додава: „Нашите маици можеби не придонесуваат автоматски кон поголема рамноправност, но се добар медиум да се започне разговор“.

american-apparel

Гледајќи дека феминизмот носи добар профит, многумина го користат, но не секогаш успешно. Соработката на брендот American Apparel со уметничката Петра Колис резултираше со маици со цртеж на крвава вагина. Оценета како невкусна, маицата на интернет поттикна бројни дебати за есенцијата на женственоста, но авторката својот избор го објасни како потреба светлата на рефлекторите да ги впери во табу темите на западната цивилизација.

„Сакав да укажам на репресијата на она што е иманентно на женското тело, од пубертетот па натаму. Неприродно е да не' учат да го мразиме својот менструален циклус и да се срамиме од мастурбација“.

Интернетот денес е полн со блогови кои промовираат нова естетика за борба за родова еднаквост, па класичните симболи на женственоста, светките или розовата боја, го изгубија својот примат и се стопија со насилниот феминистички панк-рок активизам од 1990-тите. Таквиот пристап на релација активизам-мода-уметност се шири многу брзо.

FLUNKLIFE1

Комерцијалната страна на таквите „креативност“ посебно е изразена на интернет страниците каде се продаваат рачно изработени производи. Дури има такви изработки кога полниот орган можете да го носите како привезок на ѓердан...

Иако можеби почетната цел на маиците со напис одела во позитивна конотација, смерот значително почнува да се менува и да преминува во бизарност.

Објавено:
18 август 2014
Категорија: 
Стории