„Грација“ ја има највпечатливата насловна страна и порака што ќе ја видите

28 декември 2018

Во морето празнични изданија на магазините и списанијата, босанското издание на „Грација“ го има највпечатливото и со најдобра порака.

Имено, на насловната страна на новогодишното издание се наоѓа писателката Мартина Милнаревиќ со белег од операција на рак на дојката.

Оваа фотографија бргу се прошири низ регионот, како и пораката која следи во продолжение, после која немаме апсолутно ништо да додадеме:

„Оваа насловна страна постои бидејќи на секој чекор сме бомбардирани со совршенства без недостатоци, бидејќи живееме во фотошопирани животи, затоа што децата ни растат во изобличен систем на вредности каде „газови и цицки“ на старлетите и турбофолкерките се она кон што се цели, живееме во помрачена Кардашијанизација на умот, провлечени низ „десет води“ на Истаграм филтери.

Гледам мајки како објавуваат фотографии од своите деца, на кои им зголемуваат усни и очи, ставаат маскара со филтери и ги менуваат боите на зениците, гледам мајки кои подоцна тоа го финансираат и плаќаат вистински операции бидејќи децата растат со потполно нарушена самодоверба, уверени дека се некој друг, на крајот неспособни да се прифатат себеси такви какви што се, во светот кој од нив бара да станат нешто друго.

Гледам девојки кои се „стегаат“ во огледалата за да направат поза која го истакнува задникот, повеќе „чучњеви“ имаат направено отколку што пролистале книги, бидејќи одамна престана да биде важно она што ви е во главата да е најразвиениот орган на човекот. Во таков свет сакав да покажам - имам 35 години и останав без дојка. Од никаде, сосема здрава, без најава, добив дијагноза карцином и ја изгубив дојката. И што сум сега јас во тој свет? Со оглед на тоа сакам да ја карактеризирам умната заостанатост на паланката и лицемерието на соседството, се погрижив да го дознаам и тоа - кај нас таквите жени ги нарекуваат накази. Во ред, јас сум наказа и како таква ви покажувам дека утре тоа можете да бидете и вие!

Ќе знаете ли да се справите со тоа? Ќе имате ли некој да ви подаде рака и да покаже дека вредите и без една града? Ќе постојат ли твоите Инстаграм и Фејсбук профили иако веќе нема да можеш да го покажеш деколтето во преден план? Ќе знаеш ли како и понатаму да бидеш жена без тоа што те прави тоа да си? Без коса, без дојка, менструација? Затоа што, сè може да се случи одеднаш.

И затоа прифатив. И тоа токму за новогодишниот број, кога се сумираат најголемите успеси во сè посветкавите фустани. Преживеав и тоа е мојот најголем успех. Ги славиме глупостите, а луѓето, незнајните херои секој ден ги преживуваат своите најтешки битки. Без маски и филтери, стоечки. Затоа постои оваа фотографија и оваа насловна страна. Отворено, до срж. Прегледај се, за утре да не бидеш ти тоа. Не купувај чанта, закажи преглед. Насловната страна постои поради нашите лицемерности, табуа, фактот дека карциномот сè уште го нарекуваме „она најлошото“, а за заболените веднаш бараме гробно место и во главите ги прешкртуваме, ги буткаме на маргините, постои за неупатеноста и необразованоста на нашите луѓе кога се во прашање било какви болести, за разбивање на предрасудите.

Насловна страна со белег за нематеријалното наследство за Уна од мајка си, бидејќи јас на себе и вака сум си убава. Карциномот ништо не зема од мене, иако физички изгледа како да е така. Напротив, само ме надгради. Претходно бев само тврдоглав “ морон“. Сега сум силен како бетон тврдоглав „морон“ :).

 

Извор: https://www.facebook.com/BORNAGAINKOLEKTIV

Објавено:
28 декември 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
5.549 пати