Гранџ стилот се враќа на голема врата

11 септември 2013

Тоа беа годините кога Nirvana и Pearl Jam направија вистинска револуција во музичката индустрија, а последиците наговестија нов тренд и во модата.„ Гранџот не е ништо повеќе од начин на облекување кога немате пари“ – изјави славниот Џорџо Армани во 1993 година кога трендот веќе ги преплави улиците на светските метрополи, но и модните шоуа.

Деведесетите години беа период кога жените за прв пат можеа преку стилот на облекување да изразат сарказам на софистициран начин. Стилот не беше наменет за сите оние кои сеуште живееја во традиционалните убедувања дека девојката мора да биде одраз на женственост и секспапилот, туку начин на светот да му се каже дека можеш да бидеш што сакаш и да го живееш животот онака како што ти сакаш, а не според поставените општествени норми.

Џејмс Труман, кој во деведесетите години беше уредник на Details изјави дека панкот не е повеќе во мода и дека гранџот е новиот светски тренд кој сам по себе се наметна буквално во секоја сфера.  Англиската актерка Софи Дал го опиша стилот како антисоцијален наменет за тинејџерите и адолесцентите кои преку искинатите парчиња облека, долгата коса и гранџ музиката се филтрираа како нов тренд.

Марк Џејкобс обидувајќи се да го испромовира трендот создаде колекција во стилот на романтична верзија на пакот која заврши неславно, а тој доби отказ од Perry Ellis. Дури во 1992 година Мадона успева успешно да го вметне гранџот и тоа на насловната на магазинот Вог. Сепак најконтрадикторен беше фактот што дизајнерите се обидуваа да го вметнат гранџот на модните писти создавајќи колекции кои се продаваа по цени поскапи од она што го наметнуваше самиот стил. Ниту еден фан на гранџот никогаш не би си дозволил да биде етикетиран со моден бренд и парче од 400 долари, наместо излитените фармерки и едноставните маици,старките, мартинките, карираните кошули,кожните јакни, ланците и сите модни додатоци кои даваа свое обележје.

Екстремните промени од општестевен од една и материјален фактор од друга страна беа вистински предизвик за сите дизајнери кои се обидуваа да доминираат и да остават свој печат во ерата на деведесетите години кога САД беше водечка сила во секој поглед. Сепак можеби најголемиот феномен на модната сцена е фактот што машката доминација беше заменета со нова генерација девојки кои се неметнаа со уникатниот стил, изглед инспириран токму од музичарите кои освојуваа со својот глас, но и стас.

 

 

Објавено:
11 септември 2013
Категорија: 
Стории