Харви Вајнштајн е прогласен за виновен, и сега што?

26 февруари 2020

Случајот кој го поттикна движењето #MeToo конечно ја доби својата разврска. Поранешниот холивудски продуцент, Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за сексуален напад и силувањет, пренесоа вчера сите светски магазини.

Но, Вајнштајн е прогласен за виновен за силување од трет степен и кривично дело за сексуален чин од прв степен, додека ослободен е од најсериозните обвиненија за сексуален напад и силување од прв степен.

Инаку, обвиненијата за силување и сексуално злоставување на две жени во Лос Анџелес во 2013 година и понатаму се активни, а тој за истите се изјасни дека не е виновен. Инаку, обвиненијата доаѓаат од поранешната асистентка на продукцијата Мими Халеј и за силување на актерката Џесика Ман.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @the_politicalwoman onFeb 26, 2020 at 1:05am PST

 Како е познато, скандалот започна во октомври 2017 година, а првите приказни ги објави „Њујорк Тајмс“ и тоа од актерките Роуз Мекгован и Ешли Џад. Според нивните изјави, продуцентот ги принудувал жените да го гледаат гол и да го масираат. Исто така, ја користел својата положба и моќ, па им ветувал дека ќе им помогне да напредуваат во кариерата, доколку му пружат сексуални задоволства. 

Тој пред три години се извини посочувајќи дека „знаел дека нанел многу болка“, но ги отфрли обвинувањата дека сексуално вознемирувал соработнички и тоа повеќе од 30 години.

Движењето #MeToo во меѓувреме стана масовно, но и покрај тежината на истото, знаеше да биде злоупотребено за самопромоција. Но, факт е дека помогна да се открие еден од најголемите скандали во Холивуд.

Вајнштајн е прогласен за виновен и сега што?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Weekend Magazine (@weekendmagazine2.0) onFeb 26, 2020 at 1:28am PST

Продуцентот треба да биде пренесен во затворот во „Рикерс“, но поради здравствени проблеми, се наоѓа во кревет во затврскиот оддел на болницата „Белви“, чуван од полиција, но не и со лисици, пренесува „Си-Ен-Ен“. Членовите на семејството и правните застапници го посетитле вчера. Имено, во понеделникот попладне, тој се пожалил на силни болки во градите, палпација на срцето и други здравствени проблеми, па оттаму и брзата смена на местото на престој. Колку долго ќе остане во болница, зависи од лекарите, а потоа ќе биде пренесен во друга установа во која ќе ја издржува казната.

Инаку, пресудата ќе му биде соопштена на 11. март годинава. Обинителството ќе овозможи читање на изјавите на жртвите, а во овој момент не е јасно колкумина од нив ќе присуствуваат и ќе ги изнесат изјавите при изрекувањето на пресудата. Пресудата на една од точките, за сексуален чин од прв степен, носи минимална казна од пет година затвор, а максимална 25 години. Силувањето од трет степен носи минимална казна - условна казна, а најмногу четири години затвор.

Обинителите ќе ги дадат своите барања за казна, но судијата Џејмс Брук ќе биде тој кој на крајот ќе ги одреди условите, вклучувајќи го и тоа дали казните ќе се служат истовремено или последователно.

Се очекува судијата да ја изрече казната откако ќе ги сослуша двете страни кои ги изнесуваат своите барања за изрекување на казната.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Boby Our (@ourboby) onFeb 26, 2020 at 1:32am PST

Адвокатите на Вајнштајн соопштија дека планираат да поднесат жалба на пресудата, но таа не може да биде поднесена пред да се изрече казната. Поради тоа, одбраната може да се обиде да го помести датумот на изрекување на казната, а неговите адвокати се надеваат дека ќе го вратат со кауција.

Без разлика што уште не се знае каква ќе биде крајната пресуда, голем број јавни личности и оние што беа дел од движењето, сметаат дека ова е новото поглавје во американското судство.

„Ова е новата ера на правдата, не само за оние што јавно проговорија, туку и за сите преживеани и жртви на сексуално злоставуавње и навредување на работното место“, вели Тина Чен, претседателка на фондацијата „Time's Up“.

Ешли Џад која го обвини поранешниот продуцент за сексуално вознемирување им се заблагодари на жените што се најдоа во центарот на овој случај.

„За жените кои сведочеа во овој случај и поминуваа низ траума и пекол: направивте голема работа за девојките и жените секаде во светот, ви благодарам“, напиша актерката на својот Твитер профил.

Розана Аркет една од 87 жени кои покренаа обвиненија против Вајнштајн за сексуално недолично однесување исто така ја изрази својата благодарност:

„Им се заблагодарувам на сите храбри жени кои сведочеа и поротата поради препознавањето на валканата тактика на одбраната. Во иднина ќе ги измениме законите, така што жртвите на силување ќе бидат слушнати, а не да бидат дискредитирани, со што на луѓето ќе им биде полесно да пројават силување“, посочи Аркет.

Роуз Мекгован беше една од најгласните во обвиненијата против Харви.

„Денес е важен ден и огромен чекор напред во нашето колективно исцелување“, вели во Твитот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by naftemporiki.gr (@naftemporikigr) onFeb 26, 2020 at 1:45am PST

 

Ронан Фароу е новинар кој за „Њујоркер“ ја објави приказната дека против Вајнштајн има обвиненија од повеќе жени, а преку социјалните мрежи им ја оддаде својата почит.

„Денешниот исход на судењето на Харви Вајнштајн во Њујорк е резултат на одлуките на повеќе жени да се изјаснат пред новинарите и обвинителите со големи лични жртви и ризик. Ве, молам, мислете на тие жени денес“, напиша новинарот.

И Падма Лакшми се огласи, давајќи ѝ поддршка на актерката Анабела Шјора, која е исто така една од жртвите на продуцентот.

„Вајнштајн со децении тероризираше и напаѓаше жени. Сега ќе седи во затворска ќелија, каде и припаѓа. Праќам многу љубов, поддршка и најмногу благодарност на Анабела Шјора и сите жени кои јавно проговорија“.

Џад Апатов посочи дека сепак сè уште не е говото.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Page Six (@pagesix) onFeb 24, 2020 at 8:59am PST

„Не заборавајте: Харви Вајнштајн има уште четири обвиненија во Лос Анџелес. Ова е само почеток“.

Инаку, затворскиот комплекс „Рикерс Ајланд“ е еден од најозогласените во Америка. 

Објавено:
26 февруари 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
455 пати