Една мајка на својот 30-ти роденден ѝ пишува писмо на својата 3 годишна ќерка, која треба да го отвори и прочита кога таа ќе наполни 30 години. Овој текст наиде на голем одѕив на социјалните мрежи, некои го коментираа како патетичен, друг како емотивен, додека некои сметаат дека вистинската мудрост доаѓа дури после 40-тата и дека ова писмо требало да го напише деценија подоцна.
Прочитајте што оваа мајка има да ѝ каже на својата ќерка:
„Драго мое слатко девојче.
На мојот 30-ти роденден сакав да ти напишам писмо, кое ќе го отвориш и прочиташ кога ти ќе наполниш 30 (да, јас тогаш ќе имам 56, ауч). Мислев да го напишам пред некој ден кога те покривав во кревет и кога побара да легнам до тебе и да те чешкам по грбот „само малку“, што и го направив. Размислував за тоа колку времето бргу минува и како еден ден, многу побргу одошто ќе бидам свесна, ти ќе имаш 40 години и има неколку работи што 30-годишната верзија на мајка ти би сакала да ги знаеш.
Татко ти му пишува писмо на брат ти, за тој да го отвори кога ќе има 30 години, но мислам дека таа возраст во живот на мажот понекогаш претставува различни работи од она што преставува за жената. Жените 30-тиот роденден го гледаат како негативна работа, како да не сме млади веќе и сега ќе почнеме уште побргу да старееме, дека метаболизмот ќе биде бавен (ова е всушност вистина).
Понекогаш е аларм дека стануваме посериозни околу создавањето семејство, затоа што нашето тело не е веќе во неговите најдобри години. Но, ти не грижи се за тоа. Твојата баба ме роди мене на 38 години, така што тие гени ги имаме во семејството. На 30 имам неколку седи влакна во косата (и испаничив согласно со контекстот :)))
Искрено, сега сум многу поспокојна и среќна со тоа каде сум со животот од претходно. Имам две прекрасни деца (тебе и брат ти), уште сум среќно вљубена во татко ти и живееме во прекрасен дом. Имам убава работа и семејство и пријатели кои ни пружаат неверојатна поддршка и љубов.
Но, да не те залажувам, дури и на 30 години, уште импровизирам.
Очекував дека до сега ќе имав сè сфатено, разбрано. Кога бев дете, 30 години ми изгледаа како многу години. Како години на некој возрасен. Но, излезе дека ова не е возраста која доаѓа со упатство за употреба за живот.
Не знам секогаш што правам или дали ги правам вистинските работи. Само чекам момент кога и другиот чевел ќе ми падне и ќе не знам како да го направам следниот чекор. Твојот, во моментов, омилен цртан, „Frozen II“ ми даде добар совет во врска со ова. Кога не знаеш што носи иднината, единствената работа што можеш да ја направиш е следната што доаѓа. А после неа следната. Една по една. (Може ли 30-годишна жена да украде мантра од цртан филм на Дизни? Па, зошто да не!).
За да ти покажам дека навистина не можам да ги пофаќам работите, ќе споделам со тебе една работа која ми предизвикува малку срам. Додека го пишувам ова, татко ти е надвор од градот, а баба ти дојде кај мене да преспие, да ми помогне со тебе и со брат ти, и да ми прави друштво. Никогаш порано не сум останала сама дома цела вечер. Ти повторувам и нагласувам: Никогаш порано не сум останала цела ноќ сама. А имам 30 ГОДИНИ. Ако тој факт не ти говори доволно дека јас не сум доволно возрасен возрасен, тогаш не знам што говори. Како и да е, во план ми е да останам сама со вас утре навечер - а ти, 27 години од сега, кога ќе го читаш ова писмо, ќе мораш да ме прашаш како таа ноќ поминала.
Но, и покрај мојата недораснатост, на животниот пат низ годините собрав и трошки мудрост. Поголемиот дел од нив беше преку сопствени грешки и веројатно порасна слушајќи ги речиси сите, ако добро сум ја завршила мојата работа како мајка. Ако и двете следиме некој од овие совети, можеме да бидеме на вистинското место кога ќе наполниме 40 години.
Ова се 10-те мудрости кои јас ги научив до 30-тата:
1.Дај се' од себе да стануваш и легнуваш со сонцето, затоа што навистина нема подобар распоред и часовник од тој.
2. Создади си добри навики за вежбање, ако не си досега. Не биди како мајка ти и не размислувај дека можеш да се потпреш само на добрите гени што си ги имала во текот на твоите 20-ти, а потоа да имаш две деца и да мислиш дека се' ќе биде како порано. Не, нема.
3. Немој да западнеш во кругот „кафе“ и „вино“. Стапица е. Не секогаш ти прават услуга.
4. Остатоците од храна замрзни ги, наместо да ги оставиш да скапуваат во ладилникот. Тоа е губење пари и храна, а чистењето на ладилникот недели подоцна истоштувачко и грдо.
5. Секој ден излегувај надвор. Не е важно дали врне или сонце грее, дали си болна или здрава. Секогаш најди време да излезеш!
6. Никогаш не губи го чувството за авантура. Новите места ќе го ресетираат твојот мозок на магичен начин, што ќе ти развие чувство на благодарност за тоа што го имаш и да копнееш за искуства.
7. Биди тоа што си. Зборувај го тоа што го мислиш, но биди културна и фина. Не мораш да ги правиш сите околу тебе среќни, иако макар еднаш во животот ќе мислиш дека така треба. Не заборавај да почитуваш и да бидеш љубезна со сите, дури и ако некој од другата страна ги гледа работите поинаку.
8. “Излези си“ од главата. Ова се однесува на сите стравови, сомнежи, идеи и замисли за тоа како неуспехот изгледа, како и твоите размислувања. Слушај ги луѓето на кои им веруваш и кои те сакаат. Верувај им кога ќе ти кажат дека си прекрасна и кога ќе ти понудат своет како да бидеш уште попрекрасна.
9. Не си стара за да преземаш ризици или да пробаш нови работи. Не си стара за да изгледаш и да се чувствуваш добро, да носиш црвен кармин и секси фустан. Тоа што изгледаш добро, секогаш ќе направи да се чувствуваш добро, без разлика на која возраст си.
10. Сè ќе биде во ред. Кога не било? Понекогаш работите не се случуваат онака како што би требало или ние посакуваме, но секогаш се случуваат на начинот на кој што треба да се случат. Тоа е дел од патувањето. Само остани на патот и верувај му на Господ дека знае што прави.
Девојче мое, се надевам и се молам за сите убавини што ќе ги дочекаш до 30-тата година, а потоа и до крајот на животот. Имам чувство дека ќе направиш одлични и големи нешта. А јас ќе продолжам да се трудам да го задржиш доброто во себе. А тоа ме потсети дека ја заборавив најважната трошка мудрост:
11. Јавувај ѝ се на мајка ти. Без разлика колку години имаш и дали имаш деца, на сите секогаш им треба нивната мајка!
Те сакам повеќе од месечината и сонцето, сите ѕвезди заедно и многу многу повеќе од тоа.
Со љубов,
Твојата 30-годишна мајка.
Што би ѝ напишале вие на вашата ќерка и како гледате на ова писмо?